Александра од Скопје ја посети Шри Ланка: „Ја направив фамозната фотка од воз на инфлуенсерките, но јавниот превоз е патешествие“

Како успеа да ја направиш препознатливата фотографија од воз, која ја обожаваат инфлуенсерките?

Возот беше патешествие само по себе. Самиот процес на купување на картите е комплициран и со себе носи малку стрес.

Бидејќи сме луѓе кои сакаат планирање однапред, не си дозволивме да одиме на слепо и да купиме карти на лице место. Ги купивме онлајн и ни беа испорачани до хотелот во којшто престојувавме. 

Она што е важно е дека сите што сакаат да ја направат познатата фотографија, обично букираат втора или трета класа, каде што се отвораат прозорците и вратите.

Место на отворената врата е тешко да се најде, но бидејќи бевме во меѓусезона, немаше премногу луѓе и сите го дочекаа својот ред за фотографирање. 

Возот се движи многу бавно, но секој совесен турист треба да знае дека не треба да се доведе во животозагрозувачка ситуација за една фотографија за Инстаграм. Тоа значи избегнување на фотографирање кога возот проаѓа на мост над провалија, а бидејќи ова е една од најживописните рути во Шри Ланка, лесно е да се одбере пејзаж што е безбеден.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-08.jpeg

Како се движеше низ земјата, каков е јавниот превоз и беше ли тешко за организација?

Тргнавме со мислата да изнајмиме автомобил, но по првите пет минути поминати во земјата, сфативме дека сепак ќе одиме со други опции.

Во зависност од локациите, направивме неколку комбинации за патување, од букирање на тук-тук/автомобил преку апликацијата Pick Me, до минибус, до шарените јавни автобуси. 

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-20.jpeg

А, кога сме на темата на јавен превоз - тоа е нешто што не смее да се пропушти. Сите автобуси се опремени со звучници од кои ечи гласна музика, секогаш преполни и осветлени во различни бои, со цртежи специфични за секој автобус. Воедно ова е и најевтиниот начин за движење низ земјата, но и најбавен.

Организацијата беше предизвик од аспект на наоѓање на балансот колку време сакаме да изгубиме во патување, па онаму кадешто ни се брзаше обично се одлучувавме да одиме со автомобил.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-25.jpeg

Долови ни некои навики на локалците... 

Најмногу ми се допадна бавниот начин на живот и пријателскиот однос. Таму никој не се брза, вклучувајќи го и угостителскиот сектор, па ако очекувате експресна услуга, ќе се разочарате. Она што би го издвоила е и културата на ценкање, на којашто локалците сами нè потсетуваа кога шетавме по пазарите. 

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-15.jpeg

Која е нивната валута, колку денари е и каков е стандардот?

Валутата се индонезиски рупии, 1 денар е 280 рупии. Стандардот е нешто понизок од Македонија.

Напливот на туристи си го прави своето, па така менијата во рестораните се поскапени околу 20-30% за разлика од лани, меѓутоа сè уште има места каде што има целосен оброк за 150-200 денари.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-11.jpeg

Беше ли на сафари? Колку ова беше уникатно искуство? 

Бевме на сафари во националниот парк Минерија, каде што ги набљудувавме слоновите во нивното природно живеалиште. Многу ми е важно сите активности кои се поврзани со живиот свет, да бидат етички и во склад со природата. 

Затоа, пред да се одлучам токму за овој национален парк, посветив време да се едуцирам и да истражам за турите.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-12.jpeg

Ова беше потешко од вообичаеното, бидејќи голем дел од таканаречените „сиропиталишта“ за слонови се всушност начин на експлоатација на овие прекрасни животни и нудат активности како јавање на слонови, што е апсолутно неетички. 

Конкретно во Мирија, сафарито се одвиваше по веќе воспоставени рути на движење кои не им пречат на слоновите.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-01.jpeg

Имавме шанса да видиме повеќе од 100 слонови, од малечки до стари, како уживаат во нивното секојдневие. 

Во поголемите национални паркови како Јала може да се видат и леопарди, како и мноштво егзотични птици, но нам главниот фокус ни беа слоновите.

aleksandra-od-skopje-ja-poseti-shri-lanka-ja-napravivme-famoznata-fotka-od-voz-na-influenserkite-no-javniot-prevoz-e-pateshestvie-22.jpeg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg