Софија и Јаков Спасов за медениот месец во Исланд: „Пејзажите беа како од друга планета, ни фалеше уште по некоја јакна“

Имаше ли бајковити куќички, стада овци, неверојатни пејзажи…?

Буквално секаде каде што отидовме беше како од бајките кои ни ги раскажувале како деца, високи планини и зелени полиња до недоглед со по некоја мала куќичка среде нив.

Бидејќи Исланд е вулкански остров најголемиот дел од земјата е каменест така што нема плодна почва, но затоа има мов во најразлични нијанси на зелено кој навистина изгледа магично, особено ако е сончево времето.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-08.jpeg

Заради силниот ветар и непогодните временски услови нема можност да има шуми на островот. Низ годините постојат повеќе обиди за вештачко пошумување и досега имаат околу 3% пошумено, а целта им е да достигнат 11%

Исланд се наоѓа помеѓу две континентални плочи и затоа е вулканска земја, каде секојдневно има по неколку мали земјотреси.

Интересно е тоа што во текот на летната сезона, жителите во руралните средини ги пуштаат овците слободно да се шетаат насекаде, а пред почетокот на зимата се организира „фестивал“ на кој се приклучуваат сите жители од урбаните и руралните предели да им помогнат на сточарите да ги соберат во плевните за претстојната зима.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-03.jpeg

Какви се локалците? Висок ли е стандардот на живот?

Со оглед на тоа што на површина од 103.000m2 има околу 370.000 жители, локалците се неверојатно смирени, спокојни и гостопримливи луѓе кои низ годините имаат заклучено дека единствен начин за да ги преживеат долгите и ладни зими, како и честите вулкански ерупции мора да живеат во хармонија и да си помагаат едни со други.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-11.jpeg

Локалците имаат апликација која ја користат кога ќе се запознаат со друг жител на Исланд за да видат на кое семејство му припаѓа и дали случајно можеби се роднини.

Интересно е што заради големиот број на термални извори и гејзери струјата во Исланд е бесплатна, исто ја имаат една од најчистите води за пиење во Европа.

Најголемиот приход во државата е од туризам. Стандардот на живот е на многу високо ниво, затоа и Исланд се смета за една од најскапите држави во Европа.

Бевме изненадени од цените на храна, на пример, во еден ресторан за улична храна јадевме традиционална похована риба и компири (fish and chips), супа од зеленчук и две води и сметката беше околу 60 евра.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-04.jpeg

Бевте ли на некое крстарење? Видовте ли китови/делфини?

Бидејќи сè поголем е бројот на туристи има сè поголем број на тури кои се организираат за истражување на убавините на Исланд.

Бевме на тура со брод да гледаме китови, делфини и познатата локална птица „puffin bird“ и беше супер искуство.

Бидејќи китовите и делфините не се доближуваат до туристичките бродови, имавме среќа да видиме неколку видови од нив на околу 200 метри од бродот.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-12.jpeg

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-13.jpeg

Имаше ли туристи од други земји и од каде најмногу?

Во последните десетина години туризмот во Исланд е многу развиен и имаше туристи од сите страни на светот, искрено не забележавме дека од некое место има значително повеќе него од друго.

sofija-i-jakov-spasov-za-medeniot-mesec-vo-island-pejzazhite-bea-kako-od-druga-planeta-ni-faleshe-ushte-po-nekoja-jakna-02.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Даниела од Роам Ароунд МК за камперските тури во Исланд: „Одиме на места за кои никој не слушнал“ „Камп сајтовите се 100% безбедни, исто така Исланд важи за една од најбезбедните...
Стефан и Милан за патувањето на Исланд: „Пржевме колбаси на -10°C под Аурора Бореалис“ „Се возевме со кампер низ Исланд. Ова е релативно скапа дестинација, но со добро...
Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви п... „Гледањето китови е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg