„Не спиев два дена и две ноќи“ - Марија Шерифовиќ на првиот роденден на синот првпат откри детали за неговото раѓање

„Не спиев два дена и две ноќи. Во 2 часот по полноќ се спакувавме и тргнавме во болница. Мојот сакан Лос Анџелес таа ноќ ми изгледаше најубаво“, споделува Марија Шерифовиќ за мигот кога на овој свет дошол нејзиниот син Марио и му го честита првиот роденден.

ne-spiev-dva-dena-i-dve-nokji-marija-sherifovikj-za-prviot-rodenden-na-sinot-progovori-za-migot-koga-stana-majka-01.jpg

Пејачката Марија Шерифовиќ постојано истакнува колку ужива во мајчинството и во секој миг минат со синот Марио.

Таа со задоволство споделува емотивни мигови од секојдневието со него, но сега, по повод неговиот прв роденден, таа отворено проговори за ноќта кога тој се родил.

ne-spiev-dva-dena-i-dve-nokji-marija-sherifovikj-za-prviot-rodenden-na-sinot-progovori-za-migot-koga-stana-majka-02.jpg

Нејзината роденденска објава за Марио, која ја објави вчера (01.12) на Инстаграм, гласи:

„Не спиев два дена и две ноќи. Во 2 часот по полноќ се спакувавме и тргнавме во болница. Во апсолутен мир и среќа.

Цел ден и цела ноќ ја слушавме песната „What a wonderful world“.

Мојот сакан Лос Анџелес таа ноќ ми изгледаше најубаво. Како ѕвездите да сјаеја најсјајно тогаш.

Тргнавме да те дочекаме на свет тебе мал мој, најубав.

Ме прашуваат дали животот ми се променил. А јас не знам да им објаснам колку ми се промени. Не знам како да им објаснам како е можно некој толку да се сака.

Велат дека децата ги бираат своите родители... А мене не ми преостанува ништо освен до последниот ден од мојот живот да се запрашувам како јас тебе, таков совршен, те заслужив.

Среќен ти роденден сине мој, те сакам!“

Повеќе фотографии од Марио:

ne-spiev-dva-dena-i-dve-nokji-marija-sherifovikj-za-prviot-rodenden-na-sinot-progovori-za-migot-koga-stana-majka-07.jpg

ne-spiev-dva-dena-i-dve-nokji-marija-sherifovikj-za-prviot-rodenden-na-sinot-progovori-za-migot-koga-stana-majka-06.jpg

ne-spiev-dva-dena-i-dve-nokji-marija-sherifovikj-za-prviot-rodenden-na-sinot-progovori-za-migot-koga-stana-majka-05.jpg

ne-spiev-dva-dena-i-dve-nokji-marija-sherifovikj-za-prviot-rodenden-na-sinot-progovori-za-migot-koga-stana-majka-04.jpg

ne-spiev-dva-dena-i-dve-nokji-marija-sherifovikj-za-prviot-rodenden-na-sinot-progovori-za-migot-koga-stana-majka-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
„Сопругот сакал да ѝ ја одземе Марија, му ги плаќала коцкарските долгови“ – Тажната приказна на Вери... Во младоста сакала да се разведе, но тој ја уценувал. На крај, по 20 години брак...
Огромни маскоти како лав и жирафа, торта со мече – Бајковит прв роденден на синот на Марија Микиќ Српската пејачка Марија Микиќ со второто дете остана бремена само еден месец по ...
Татко ѝ е милионер, студирала глума – Која е Марија Балабан, девојката на Раста? „Има милиони, но сепак е скромна. Долго чекав да запознаам жена која е сосема по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg