Македонско девојче: Јулијана од Крива Паланка е Кралица на Евроазија 2024
- Детали
- петок, 29 ноември 2024
Гордост! На изборот за Кралица на Евроазија 2024 кој се одржа во Анталија, Турција, титулата Miss Europe односно Кралица на Европа ја освои нашата Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка.
Јулијана Ѓорѓиевска (26) од Крива Паланка ја претставуваше Македонија, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија.
Во театарот во Анталија, каде се одржа изборот, титулата Кралица на Азија и припадна на претставничката на Египет, а вкупна победничка е девојката од Русија.
Нашата Јулијана која гордо ја претстави Македонија е дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина.
Ова беше 10-то, јубилејно издание на изборот, во организација на агенцијата EURASIA STARS EMPIRE од Москва, Русија.