Скандал на црногорскиот избор за Евросонг: Победи непознат бенд, најдобрата пејачка заврши со 0 поени
- Детали
- четврток, 28 ноември 2024
„Собирајте донации за да ја пратите оваа дива на Евровизија“ - коментираат црногорските твитерџии, по настапот на Елена Ристеска на црногорскиот избор за песна за Евровизија 2025, каде таа настапи со макфестовската песна „Ме боли за сѐ“, препеана на српско-хрватски јазик.
Додека ние трета година по ред одмараме од учеството на „Евросонг“, земјите од соседството веќе почнаа активно да се подготвуваат за настанот, којшто треба да се одржи во мај следната година, во Базел, Швајцарија.
Синоќа (27.11) Црна Гора го бираше својот претставник за Евровизија 2025, а тамошната јавност остана збунета од изборот.
Никој не очекуваше на изборот да победи групата NeonoeN, за која голем број од публиката во регионот воопшто нема слушнато.
Станува збор за алтернативен инди-рок бенд од Подгорица, составен од пејачот Марко Вукчевиќ, гитаристот Илија Пејовиќ, басистот Филип Вулановиќ и тапанарот Милан Вујовиќ.
Инаку, црногорскиот избор веќе беше проследен со низа контроверзии, затоа што многумина сметаа дека победникот е веќе познат уште пред да се одржи настанот.
Некои црногорски музичари и јавно ѝ честитаа на пејачката Милена Вучиќ, затоа што се веруваше дека таа со нејзиниот „вонсериски“ вокал лесно ќе биде победник на изборот.
Но, како што тоа често знае да се случи на ваквите избори, пресудни беа гласовите од публиката, па така речиси непознатиот бенд од Подгорица успеа да го освои најголемиот број гласови од публиката, додека пејачката која беше фаворит имаше само 49 СМС пораки, што е еднакво на 0 гласови.
На настанот, како гостинка настапи и нашата Елена Ристеска која ја испеа песната „Ме боли за сè“ препеана на српско-хрватски јазик со насловот „Мука ми је“.
Елена ја воодушеви црногорската публика, па на Твитер веднаш почнаа да се споделуваат коментари.
https://twitter.com/OttLepland/status/1861886142804582662
Некои други и се пошегуваа дека Македонија треба да си отвори профил на GoFundMe за да собере финансии и да ја пушти „дивата“ на Евросонг.
https://twitter.com/nonecosimale/status/1861886340666986953
Настапот на Елена погледнете го на 02:28:02:
Во продолжение слушнете ја песната што победи на црногорскиот избор:
Б. С. Б. | Црнобело