Српската претставничка за впечатоците од Евровизија 2024: „Бев еднаш и никогаш повеќе“

Српската претставничка за првпат даде изјава за медиумите откако се врати од Шведска, истакнувајќи дека никогаш повеќе не сака да се натпреварува на Евровизија.

srpskata-pretstavnichka-za-vpechatocite-od-evrovizija-2024-bev-ednash-i-nikogash-povekje-01.jpg

Српската претставничка на Евровизија 2024, Теодора Павловска, попозната како Теја Дора, синоќа за првпат се појави во јавност по нејзиното учество на натпреварот и даде изјава која изненади многумина.

srpskata-pretstavnichka-za-vpechatocite-od-evrovizija-2024-bev-ednash-i-nikogash-povekje-02.jpg

Познато е дека голем број музичари кои веќе учествувале, сонуваат повторно да се вратат на евровизиската сцена, а таа даде сосема поинаква изјава.

„Полека ми се сталожуваат впечатоците. Кај публиката поминавме феноменално.

Марија Шерифовиќ ми даде совет кога ми рече: ’Само ти пројди во финале, а потоа не можеш ништо да направиш‘.

Не би се пријавувала повеќе на Евровизија.

srpskata-pretstavnichka-za-vpechatocite-od-evrovizija-2024-bev-ednash-i-nikogash-povekje-05.jpg

Според мене, тоа е искуство што се доживува само еднаш. Такво нешто нема да се повтори.

Во моментов работам на нова музика и тоа ми е сега најважно“ – изјави Теја Дора.

Инаку, српската пејачка синоќа присуствуваше на промоцијата на новиот албум на нејзината колешка Теодора Џехверовиќ, за која направи една песна.

srpskata-pretstavnichka-za-vpechatocite-od-evrovizija-2024-bev-ednash-i-nikogash-povekje-04.jpg

Таа рече дека ѝ е жал што Бејби Лазања не победил, но е среќна заради неговиот голем успех и второто место што го освои.

srpskata-pretstavnichka-za-vpechatocite-od-evrovizija-2024-bev-ednash-i-nikogash-povekje-03.jpg

За потсетување, пејачката на Евровизија 2024 настапи со песната „Рамонда“, а на крајот успеа да се пласира на 17-тото место.

Многумина беа изненадени кога таа успеа да влезе во финалната вечер, затоа што нејзината песна не котираше добро на евровизиските обложувалници претходно.

Прочитајте и Се грижела за него пред смртта, му го посвети најголемиот хит – Фотки од детството на Теја Дора со татко ѝ Драган Павловски

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
„Сопругот сакал да ѝ ја одземе Марија, му ги плаќала коцкарските долгови“ – Тажната приказна на Вери... Во младоста сакала да се разведе, но тој ја уценувал. На крај, по 20 години брак...
Татко ѝ е милионер, студирала глума – Која е Марија Балабан, девојката на Раста? „Има милиони, но сепак е скромна. Долго чекав да запознаам жена која е сосема по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg