Бејби Лазања пречекан како херој во Хрватска – Цел Загреб собран на плоштад (ВИДЕО)
- Детали
- недела, 12 мај 2024
Цел Загреб се собра на плоштад да го дочека Бејби Лазања по Евровизија 2024. Како изгледа атмосферата таму, откако Хрватот успеа да го освои второто место?
На Хрватот Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања за малку му побегна победата на Евровизија 2024, но во родната земја тој е дочекан како вистински херој.
На социјалните мрежи постојано се објавуваат нови видеа од неговиот пречек на аеродромот каде се собраа илјадници фанови, но и од плоштадот во Загреб, каде се собраа илјадници луѓе, кои танцуваат на неговата песна „Рим тим таги дим“.
Од аеродормот Бејби Лазања со двокатен панорамски автобус Бејби Лазања се упати кон прославата организирана во негова чест.
Пред слетувањето, тој објави кратко видео на социјалните мрежи во кое им се заблагодари на фановите за поддршката.
Иако не го освои трофејот во синоќешното финале на Евровизија 2024, во Хрватска Бејби Лазања е вистински херој.
Прочитајте и Победникот го скрши трофејот, зелената соба на нозе заради Хрватска – Највпечатливите мигови на Евровизија 2024
Погледнете неколку видеа и фотки од дочекот на Бејби Лазања во Хрватска:
Б. С. Б. | Црнобело