Првиот сопруг го промени идентитетот и побегна во САД – Бурниот љубовен живот на пејачаката Индира Левак од Colonia

По низата скандали и малверзации го остави првиот сопруг, а тој побегна во САД со танчарка од нејзината група. Со вториот се разведе по 11 години брак, иако тврдеше дека тие двајца се совршен пар – Што знаеме за Индира Левак, поранешната пејачка на Colonia?

prviot-soprug-go-promeni-identitetot-i-pobegna-vo-sad-burniot-ljuboven-zhivot-na-pejachakata-indira-levak-od-colonia-01.jpg

Индира Левак е хрватска пејачка која се прослави како вокалистка на групата Colonia.

Во последните неколку години, откако се откажа од групата, во родната Хрватска беше популарна како една од менторките на тамошната верзија на шоуто The Voice, а привлекуваше внимание и со својот бурен љубовен живот.

Што знаеме за пејачката која најмногу се прослави со хитовите „Све око мене је гријех“ и „Пламен од љубави“?

Родена е во 1973-та година како Индира Владиќ, а татко ѝ ѝ го дал името според индиската премиерка Индира Ганди.

Како дете била мошне темпераментна и често влегувала во конфликт бранејќи ги послабите заради што ја нарекувале „Рамбо“.

prviot-soprug-go-promeni-identitetot-i-pobegna-vo-sad-burniot-ljuboven-zhivot-na-pejachakata-indira-levak-od-colonia-02.jpg

Таа често зборуваше дека верува во вистинските морални вредности и за неа семејството имаше големо значење, па тврдеше дека со душа чека да се скраси и да има свое семејство.

Во 2000-та година, по само 6 месеци врска, Индира стапила во брак со Нарцис Мујкиќ.

Ова беше мошне турбулентен брак, а нејзиниот тогашен сопруг честопати беше вклучуван во различни бизнис афери и гласини за неверства.

prviot-soprug-go-promeni-identitetot-i-pobegna-vo-sad-burniot-ljuboven-zhivot-na-pejachakata-indira-levak-od-colonia-06.jpg

Тие двајца се разведоа во 2010-та, по 10 години брак, а непосредно потоа Нарцис се ожени со танчарка од групата Colonia, Сара Добраниќ.

prviot-soprug-go-promeni-identitetot-i-pobegna-vo-sad-burniot-ljuboven-zhivot-na-pejachakata-indira-levak-od-colonia-07.jpg

Низ хрватските таблоиди имаше гласини дека Нарцис ја изневерувал Индира со Сара додека биле во брак, но никогаш немало потврда за тоа.

Познато е дека тој и Сара заедно се преселиле во Чикаго и таму ја добиле ќерката Реа Жељка.

prviot-soprug-go-promeni-identitetot-i-pobegna-vo-sad-burniot-ljuboven-zhivot-na-pejachakata-indira-levak-od-colonia-05_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg