Првиот сопруг го промени идентитетот и побегна во САД – Бурниот љубовен живот на пејачаката Индира Левак од Colonia

Но, по извесен период поминат во САД, Нарцис пак се вратил во Хрватска, каде отворил свој ресторан, на кој му го дал името Colonia, со дозвола од поранешната сопруга, но набрзо потоа пак му се губи трагата.

Се верува дека Нарцис во САД имал голем број прекршочни и кривични пријави заради што морал да го промени идентитетот и сега се вратил таму, но се претставува како Маркус Швајцер.

prviot-soprug-go-promeni-identitetot-i-pobegna-vo-sad-burniot-ljuboven-zhivot-na-pejachakata-indira-levak-od-colonia-08.jpg

Но, она од што сите се изненадени е тоа што Нарцис веќе не е со Сара, девојката со која ја изневери Индира, туку со Босанката Сенада Аџиќ, која работела и за Доналд Трамп.

Нарцис денес под лажното име е оженет со Сенада, која има своја компанија за продажба на недвижности, а работи како директор таму.

prviot-soprug-go-promeni-identitetot-i-pobegna-vo-sad-burniot-ljuboven-zhivot-na-pejachakata-indira-levak-od-colonia-09.jpg

По бракот со Нарцис, Индира ја започна врската со бизнисменот и првак во бодибилдинг во Хрватска, Мирослав Левак, со кого стапи во брак во 2014-та година.

Тие двајца заедно имаа своја компанија за дизајнирање облека и професионални справи за вежбање, а таа се посвети на вежбање, спорт и здрав живот.

prviot-soprug-go-promeni-identitetot-i-pobegna-vo-sad-burniot-ljuboven-zhivot-na-pejachakata-indira-levak-od-colonia-10.jpg

Индира и Мирослав беа во брак 11 години, но неодамна објави дека и на оваа врска ѝ дојде крајот. Иако таа отсекогаш тврдела дека тие имаат складен и идеален брак, пејачката призна дека разликите меѓу нив биле ненадминливи.

prviot-soprug-go-promeni-identitetot-i-pobegna-vo-sad-burniot-ljuboven-zhivot-na-pejachakata-indira-levak-od-colonia-04.jpg

Инаку, таа во една пригода рече дека најмногу жали што никогаш не станала мајка и што мајчинството не ѝ се случило.

„За жал, човекот посакува, но Бог одредува. Не се случи, но таа љубов ја делам на сите страни, на моите внуки, на мојата публика.

Не се случи, но затоа имам 3 мачиња, 2 кучиња, мачор, сопруг и се трудам да компензирам“ – рече таа.

prviot-soprug-go-promeni-identitetot-i-pobegna-vo-sad-burniot-ljuboven-zhivot-na-pejachakata-indira-levak-od-colonia-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg