Швајцарија е победник на Евровизија 2024, Хрватска заврши на второ место
- Детали
- недела, 12 мај 2024
Швајцарија е земјата која освои убедливо најмногу гласови на Евровизија 2024 и е победник на годинешниот избор. Пејачот Немо, во Малме ја испеа песната The Code.
Вечерва (11.05) се одржа големото финале на Евровизија 2024. На сцената во Малме Шведска се претставија 25 земји, иако првично требаше да бидат 26.
Хрватска
Претставникот на Холандија, Јост Клајн беше дисквалификуван, откако против него била поднесена пријава за вознемирување од вработена во продукцијата.
Ирска, Финскa, Шпанија беа земјите кои имаа убедливо највпечатливи настапи и кореографии на сцената.
Ирска
Од нашиот регион вечерва настапија Србија, Хрватска, Словенија и Грција, додека пак Албанија не успеа да се пласира со настапот во втората полуфинална вечер.
Хрватот Бејби Лазања успеа да ги размрда сите и да ја разигра публиката со неговата песна „Рим тим таги дим“, а Србинката Теја Дора имаше моќна изведба на нејзината песна „Рамонда“.
Србија
Победникот беше избран со помош на гласовите од онлајн гласањето и гласовите од националните жирија.
Швајцарија
Немо освои најголем број 12-ки од националните жирија. По соопштувањето на гласовите од националните жирија на второто место се најде Франција, а на третото Хрватска.
Благодарение на гласовите од онлајн гласањето Хрватска успеа да се искачи на врвот на табелата, но сепак не успеа да го победи Немо.
Бејби Лазања на крај заврши втор.
Погледнете ја композицијата која победи на годинешната Евровизија:
Б. С. Б. | Црнобело