Католичката црква ја осуди, „растури“ 3 љубовни врски – Која е Сабрина Карпентер, пејачката која се прослави преку ноќ?
- Детали
- сабота, 31 август 2024
Иако е активна повеќе од десет години, Сабрина Карпентер се прослави дури годинава, а зад себе веќе има неколку (помали) скандали. Што знаеме за младата пејачка која отсекогаш сонувала да стане славна?
Ако не ви е познато името Сабрина Карпентер, сигурни сме дека ја знаете нејзината песна Espresso која периодов е сеприсутна – и на радиостаниците, но и на објавите на Инстаграм и ТикТок.
Благодарение на песната, 25-годишната пејачка се прослави преку ноќ, но ова е далеку од нејзина прва песна – таа има издадено веќе шест албуми.
А, низ годините, пејачката која е висока само 149 сантиметри, се соочила и со бројни контроверзии.
Неколку факти за новата музичка ѕвезда:
Пробува да се прослави повеќе од десет години
Сабрина Карпентер е родена во 1999 година во Пенсилванија, а на 13-годишна возраст се преселила во Лос Анџелес со надеж дека ќе стане актерка.
А, имала и доби врски во светот на шоу-бизнисот – нејзината тетка е актерката која го позајмува гласот за Барт Симпсон од култната серија The Simpsons, но и за други познати анимирани ликови.
Во 2012 година добила мала улога во ситком серија, а потоа била ангажирана од Дизни.
Нејзиниот талент за пеење брзо бил забележан, па добила договор за дури пет музички албуми.
А, еден од авторите на нејзината прва песна била познатата пејачката Меган Трејнор.
И покрај тоа што била мошне активна, Сабрина успеа да се прослави дури годинава.
Тејлор Свифт ја направи ѕвезда
Сабрина има изјавено дека уште од детството ја сакала Тејлор Свифт, а годинава доби шанса да настапува со неа на турнејата на пејачката.
А, токму и поради ова почна да го привлекува вниманието на јавноста.
Тетка ѝ е скиентолог
Славната тетка на Сабрина што ја спомнавме претходно е скиентолог.
Тетка ѝ Ненси Картрајт пораснала во католичко семејство, но во 1991 година се откажала од црквата и ѝ се придружила на скиентологијата.
Наводно, таа има донирано дури 10 милиони долари во скиентолошката црква што според Daily Mail е двојно повеќе од нејзината годишна заработка.
Сабрина избегнува да зборува за религијата на тетка ѝ и единствено има изјавено дека таа ѝ е идол и дека се восхитува на нејзиниот талент.
Беше вмешана во неколку љубовни афери
Во 2020 година, Сабрина беше во врска со колегата Џошуа Басет.
Претходно, пак, тој беше во врска со Оливија Родриго.
А, според некои гласини, Џошуа ја оставил Оливија токму за пејачката.
Гласините се засилија откако Оливија издаде песна во која суптилно ја спомнува аферата на Сабрина и Џошуа.
Нејзината последна врска е со актерот Бери Киган кој, пак, ја остави претходната девојка наводно заради Сабрина.
Последните информации се дека Сабрина и актерот најверојатно повеќее не се заедно.
Постојат гласини и за уште еден љубовен триаголник во кој е вмешана Сабрина, а кој ги вклучува Шон Мендез и Камила Кабејо.
Според шпекулациите, Шон и Камила раскинале поради Сабрина, а наводно Камила дури и суптилно ја спомнувала Сабрина во нејзините песни.
Влезе во конфликт со католичката црква
Спотот за песната Feather на Сабрина Карпентер се соочи со контроверзија.
Кон крајот на спотот, има сцена снимена во црква каде што Сабрина танцува по малку провокативно околу мртовечки ковчези.
По објавувањето на спотот, се огласија од црквата каде што е снимен спотот, изјавувајќи дека го избркале свештеникот кој го одобрил снимањето.
Од црквата споделија и дека „одново ќе го осветат олтарот бидејќи Сабрина го осквернила“.
Сабрина изјави дека имала дозвола за снимање и оттогаш одбива да зборува за скандалот
Поранешниот тим ја тужеше
Во 2017 година, пред да стане светски позната, Сабрина добила тужба од нејзините поранешни музички менаџери бидејќи не им ги исплаќала заработените пари.
Имено, пејачката ја прекинала соработката со нив без објаснување и без да им ја исплати договорената сума за дотогашната работа.
Сабрина нема отворено зборувано за тужбата, но суптилно изјави:
„Кога сте најдобри, луѓето кои се однесувале лошо со вас во минатото пробуваат повторно да допрат до вас“.
Спирова С. | Црнобело