Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие, го родила на 18 години

Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја избркала од дома, па со Џастин живееле од социјална помош...

tazhniot-zhivot-na-majkata-na-dzhastin-biber-doznala-deka-e-bremena-otkako-probala-da-se-samoubie-go-rodila-na-18-godini-01.jpg

Периодов мајката на Џастин Бибер е критикувана од јавноста, особено од фановите на пејачот.

Среде случајот со Пи Диди, многумина се сомневаат дека и самиот Џастин бил негова жртва, и тоа уште во тинејџерските години, а ја критикуваат мајка му што дозволила да се случи тоа.

Односно, многумина сметаат дека таа го искористила за да се збогати на негов грб и со тоа да си го подобри животот.

Од друга страна, некои сметаат дека мајка му само сакала да му подари подобар живот, а ни самата не била свесна што може да го дочека Џастин во музичката индустрија како млад артист.

Имено, нејзиниот живот бил особено тежок и самата се соочила со низа трагедии и премрежја.

Неколку детали од животот на мајката на Џастин – Пети Малет:

Сестра ѝ загинала во сообраќајка

Уште пред Пети да се роди, нејзината сестра загинала во сообраќајка.

Девојчето имало само 5 години, а тој период мајка им била бремена со Пети.

Околу две години подоцна, татко ѝ, кој би насилен алкохоличар, ги напуштил.

tazhniot-zhivot-na-majkata-na-dzhastin-biber-doznala-deka-e-bremena-otkako-probala-da-se-samoubie-go-rodila-na-18-godini-04.JPG

Била силувана уште во детството

Во своите мемоари од 2012 година, Пети открива дека првпат била сексуално нападната уште пред петтиот роденден.

А, нападите и силувањата продолжиле додека да наполни 14 години.

Ова се случувало откако татко ѝ си заминал од дома, а дел од виновниците биле дедо на нејзина пријателка, како и машка дадилка која требало да се грижи за неа.

„Бев напаѓана толку често, што по некое време ми стана нормално.

Беше чудно – знаев дека нешто не е во ред, но се помирив бидејќи веќе ми стана познато“, пишува Пети.

tazhniot-zhivot-na-majkata-na-dzhastin-biber-doznala-deka-e-bremena-otkako-probala-da-se-samoubie-go-rodila-na-18-godini-09.JPG

Во тинејџерските години почнала да користи дрога и алкохол

Со цел да се справи со емоционалната болка, Пети се свртела кон дрога и алкохол.

„Почнав да пијам алкохол и да користам марихуана кога имав 14 години.

Опивањето и дрогирањето од забава ми станаа како вид терапија што си ја препишав сама.

Не можев да издржам ни еден час на училиште ако не бев под дејство на дрога или алкохол“.

tazhniot-zhivot-na-majkata-na-dzhastin-biber-doznala-deka-e-bremena-otkako-probala-da-se-samoubie-go-rodila-na-18-godini-03.JPG

На 15-годишна возраст повторно била силувана

Кратко пред да го запознае таткото на Џастин Бибер – Џереми – Пети била силувана од дечко што го запознала на забава.

Тогаш имала 15 години, а проблемите со алкохолот само се влошувале.

tazhniot-zhivot-na-majkata-na-dzhastin-biber-doznala-deka-e-bremena-otkako-probala-da-se-samoubie-go-rodila-na-18-godini-10.JPG

Врската со татко му на Џастин ја влошила ситуацијата

Во мемоарите, Пети открива дека врската со Џереми била осудена на пропаст уште на почетокот.

Најмногу бидејќи и Џереми бил алкохоличар, а бил на иста возраст како Пети.

„Нашата врска траеше четири години, но постојано раскинувавме и се смируваме.

Тој ме манипулираше и постојано се чувствував исплашено и несигурно“.

tazhniot-zhivot-na-majkata-na-dzhastin-biber-doznala-deka-e-bremena-otkako-probala-da-se-samoubie-go-rodila-na-18-godini-15.JPG

Прочитајте и „Не беше зрел за да има дете“ – Зошто никогаш не слушаме за таткото на Џастин Бибер?

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg