„Не беше зрел за да има дете“ – Зошто никогаш не слушаме за таткото на Џастин Бибер?

Кога се родил Џастин, татко му имал едвај 18 години, па плашејќи се од одговорноста што доаѓа со родителството, бил речиси постојано отсутен од животот на син му во првите години од неговиот живот. Иако денес Џастин и татко му се во добри односи, пејачот вели дека поставил „здрава граница“ во нивниот однос, па речиси воопшто не ги гледаме заедно во јавност.

ne-beshe-zrel-za-da-ima-dete-zoshto-nikogash-ne-slushame-za-tatkoto-na-dzhastin-biber-01.jpg

Денес Џастин Бибер е една од најголемите ѕвезди на музичката сцена, но сте забележале ли дека не знаеме скоро ништо за неговото семејство, особено неговиот татко?

Фановите на пејачот знаат дека тој пораснал во Канада, со неговата мајка Пети која била во тинејџерските години кога го родила. Но, се чини дека никој не знае ништо за неговиот татко Џереми, без разлика што тој е уште жив.

ne-beshe-zrel-za-da-ima-dete-zoshto-nikogash-ne-slushame-za-tatkoto-na-dzhastin-biber-05.jpg

Па, што точно се случило помеѓу родителите на Џастин и каков е неговиот однос со татко му?

Џереми не бил доволно зрел да се грижи за дете

Како што напоменавме, мајката на Џастин билa тинејџерка кога останала бремена. Односно, и таа и татко му Џереми имале едвај 18 години. Џереми и Пети биле во врска во периодот 1991-1994, но никогаш не стапиле во брак.

Кога откриле дека Пети е бремена, двајцата самo што завршиле средно и, нормално, не билe подготвени за дете – ни психички, ни финансиски.

Веројатно Џереми се исплашил од целата ситуација, па Пети останала сама со нивното дете во првите години од неговиот живот. Некогаш добивала помош од нејзината мајка, но генерално морала сама да се грижи за Џастин со минимална плата.

ne-beshe-zrel-za-da-ima-dete-zoshto-nikogash-ne-slushame-za-tatkoto-na-dzhastin-biber-04.jpg

Џастин има прозборено на оваа тема, откривајќи дека неретко татко му ги напуштал и не се враќал со години.

„Беше незрел за дете. Кога имав четири години, замина за Британска Колумбија и се врати дури една година подоцна“, изјави пејачот во интервју за Billboard.

ne-beshe-zrel-za-da-ima-dete-zoshto-nikogash-ne-slushame-za-tatkoto-na-dzhastin-biber-07.jpg

Џастин вели дека кога Џереми се вратил од Британска Колумбија, мајка му го замолила посериозно да ја сфати улогата на татко.

„Се сеќавам дека мама му рече: ’Ако сакаш да бидеш овде, мораш да бидеш овде‘“.

Зборовите на Пети го натерале Џереми да се промени, па тој конечно се фокусирал на неговиот син.

Сепак, Џастин има само добри зборови за својот татко

Младиот пејач има изјавено дека иако неговите родители ја немале најздравата врска, по прекорот на Пети, Џереми бил поприсутен во животот на Џастин. Всушност, токму тој го натерал пејачот да ја засака музиката, го научил да свири гитара и го охрабрувал да пее.

„Тој сепак беше присутен во мојот живот. Се гледавме скоро секој викенд“, открива Џастин.

ne-beshe-zrel-za-da-ima-dete-zoshto-nikogash-ne-slushame-za-tatkoto-na-dzhastin-biber-06.jpg

И Пети и Џереми го поттикнувале Џастин да се пријавува во шоуа за таленти и да снима кавери за YouTube, а токму ова му помогна да се прослави.

Покрај Џастин, Џереми има и други деца

Како што напоменавме, родителите на Џастин никогаш не биле во брак, но Џереми двапати го кажал судбоносното „Да“. Првпат се венчал во 2007-ма, а од тој брак има две деца. Во 2014-та се развел од првата сопруга и во 2018-та се венчал со втората. Од вториот брак, Џереми има уште едно дете.

ne-beshe-zrel-za-da-ima-dete-zoshto-nikogash-ne-slushame-za-tatkoto-na-dzhastin-biber-08.jpg

Бројни сличности

Џастин е добро познат по недоличното однесување, а изгледа го наследил ова од татко му.

Во 1997 година Џереми бил уапсен за напад и добил казна затвор од 90 денови. Еднаш, пак, кога добил условна казна, ја прекршил, па поради ова поминал три недели зад решетки.

ne-beshe-zrel-za-da-ima-dete-zoshto-nikogash-ne-slushame-za-tatkoto-na-dzhastin-biber-09.jpg

Во 2002 година Џереми бил уапсен уште еднаш, повторно за физички напад, но две години подоцна обвиненијата биле отфрлени.

Денес Џастин има поставено граница во односот со татко му

Целото негативно искуство со татко му го натерало Џастин да сфати дека потребно е време да се изгради здрава и стабилна врска со родителите.

„Сакам кога работиме на проблемите за да стигнеме до убавите моменти“, има изјавено пејачот, нагласувајќи дека вреди да се бори за добриот однос со неговиот татко.

ne-beshe-zrel-za-da-ima-dete-zoshto-nikogash-ne-slushame-za-tatkoto-na-dzhastin-biber-02.jpg

Со текот на времето, пејачот се оддалечил од татко си, сметајќи дека некогаш треба да се постават здрави граници помеѓу нив.

„Не ви требаат родителите толку многу. За нив, вие сте биле сè што имале. Тие инвестирале во вас. Но еден ден, едноставно, ќе си заминете, ќе почнете со својот живот и тогаш нема да ви требаат. И, нема да го цените нивното мислење толку многу“, изјави тој.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg