Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелинг

Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерка си со нешто помалку од милион. Тори брзо ги потроши парите, а доби и тужба бидејќи не ги плаќала ратите за кредит.

tatko-milioner-ja-ostavil-so-samo-800-000-dolari-zhiveeshe-vo-kamp-prikolka-fakti-za-tori-speling-01.jpg

Тори Спелинг е американска актерка и авторка, но за повеќето е позната по сериозните финансиски проблеми, а периодов и разводот од сопругот Дин Мекдермот.

За Тори е најпознато дека потекнува од многу богато семејство, но сега е без „скршен денар“.

Односно, иако имала среќа да се роди во богато семејство, низ животот ја следеле многу трагедии.

Неколку факти за Тори Спелинг што веројатно не сте ги знаеле:

Има комплициран однос со мајка ѝ

Тори имала мошне добар однос со татко ѝ Арон, но не и со мајка ѝ.

Во нејзините мемоари, Тори откри дека кога имала 12 години и ја прашала мајка ѝ дали е убава, таа ѝ рекла:

„Ќе бидеш убава кога ќе си го средиш носот (со операција)“.

Тори вели дека во детството се соочила со безброј вакви коментари од страна на мајка ѝ кои практично ѝ ја уништиле самодовербата.

Дури и откако пораснала, Тори и мајка ѝ постојано се расправале.

Сепак, сега изгледа барем малку испеале да го подобрат односот, а мајка ѝ и самата изјави дека била лош родител:

„Не знаев да комуницирам со ќерка ми. Јас сум далеку од совршена мајка и направив многу грешки додека Тори растеше“.

tatko-milioner-ja-ostavil-so-samo-800-000-dolari-soprugot-ja-izneveri-fakti-za-tori-speling-03.jpg

Била жртва на булинг поради изгледот

Тори трпела критики и навреди за изгледот не само од мајка ѝ, туку и од врсниците. Самата има изјавено дека имала и одвратни прекари, како „жаба“.

Таа вели дека најмногу си ги мразела очите поради многуте навреди.

„Со години ги молев мејкап артистите некако да ми ги направат очите помали. Плачев бидејќи сум грда додека седев на столчето за шминкање“.

tatko-milioner-ja-ostavil-so-samo-800-000-dolari-soprugot-ja-izneveri-fakti-za-tori-speling-04.jpg

Беше во психички насилна врска

Тори Спелинг се прослави со улогата во серијата Beverly Hills, 90210, која ја доби на 16-годишна возраст.

Тој период таа беше во врска со актерот Ник Савалас за кого има откриено дека постојано ја омаловажувал.

„Психички ме малтретираше. По десетпати на ден ми кажуваше колку сум била грда. Постојано плачев.

Но, ми беше страв да се расправам со него. Родителите ме гледаа колку сум несреќна и плачеа за мене“.

tatko-milioner-ja-ostavil-so-samo-800-000-dolari-soprugot-ja-izneveri-fakti-za-tori-speling-07.jpg

Врската со сопругот Дин Мекдермот била бурна уште на почетокот

Тори и Дин се запознале во 2005 година, во период кога и двајцата беа во брак.

Почнале афера, по што ги оставија сопружниците за да бидат заедно.

Се венчаа следната година, но Тори има изјавено дека проблемите се јавиле уште на почетокот.

„Дин не можеше да го контролира гневот и ова почна околу четири месеци откако ја почнавме врската.

Кога беше пијан, беше многу тешко и морав да бидам многу претпазлива. Што и да му викав, не бев во право, како постојано да водев битка со него“.

tatko-milioner-ja-ostavil-so-samo-800-000-dolari-soprugot-ja-izneveri-fakti-za-tori-speling-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg