Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела веднаш од сопругот

Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но откако не доби ништо, се разведе од неа и со пет деца ја остави да живее на улица. Сега Тори Спелинг раскажува зошто толку долго останала во брак со сопругот што ја искористувал.

i-go-iscica-bogatstvoto-pa-ja-ostavi-na-ulica-tori-speling-za-prvpat-iskrena-zoshto-ne-se-razvela-vednash-od-soprugot-01_copy_copy_copy.jpg

Некогаш беше една од најпознатите жени во Холивуд, благодарение на улогата во хит-серијата од 90-тите Beverly Hills 90210, но и на тоа што е ќерка на познатиот филмски продуцент Арон Спелинг.

i-go-iscica-bogatstvoto-pa-ja-ostavi-na-ulica-tori-speling-za-prvpat-iskrena-zoshto-ne-se-razvela-vednash-od-soprugot-02.jpg

Но, Тори Спелинг (50) минатата година беше топ тема, откако по разводот со сопругот, беше присилена заедно со петте деца да живее во евтини мотели и во приколка, сè додека не најде куќа со пет соби под кирија каде што конечно се сместија.

Тори од нејзиниот татко кој „тежеше“ 600 милиони долари, наследи само 800.000, што брзо ги снема, па потоа почна да живее на работ на сиромаштијата.

i-go-iscica-bogatstvoto-pa-ja-ostavi-na-ulica-tori-speling-za-prvpat-iskrena-zoshto-ne-se-razvela-vednash-od-soprugot-05.jpg

Познато е дека таа и нејзиниот поранешен сопруг Дин Мекдермот со години беа во влошени односи и наводно, со години не спиеле заедно, затоа што на актерот му пречело што неговата сопруга ги пуштала сите миленици (свињи, кокошки и кучиња) да спијат во собата со нив.

i-go-iscica-bogatstvoto-pa-ja-ostavi-na-ulica-tori-speling-za-prvpat-iskrena-zoshto-ne-se-razvela-vednash-od-soprugot-06.jpg

Јавна тајна е дека Дин стапил во брак со Тори само во надеж дека ќе успее да го наследи богатството од татко ѝ кој беше продуцент на повеќе хит серии во Холивуд, а Тори сега за првпат јавно раскажа зошто ѝ требало толку многу време за да стави крај на бракот.

i-go-iscica-bogatstvoto-pa-ja-ostavi-na-ulica-tori-speling-za-prvpat-iskrena-zoshto-ne-se-razvela-vednash-od-soprugot-04.jpg

Таа во моментов има свој подкаст, во кој беше гостинка и нејзината некогашна колешка од Beverly Hills 90210, Шенон Доерти, а одговорот што го даде изненади многумина.

„Еден од моите најголеми стравови, што најверојатно ме натера да останам подолго во брак со него, е тоа што чувствувам дека во нашиот свет е тешко да се биде во врска со некој маж и да не направите тој да се чувствува непонижено. Не намерно, но заради тоа кои сме и како сме етикетирани во општеството.

i-go-iscica-bogatstvoto-pa-ja-ostavi-na-ulica-tori-speling-za-prvpat-iskrena-zoshto-ne-se-razvela-vednash-od-soprugot-08.jpg

Ние не сме само жени што заработуваме пари. Ние сме жени што имаат моќ и се славни. Не знам да живеам поинаку. Се чувствувам виновно. Никогаш нема да можам да бидам со некого кој нема да се чувствува безвредно заради мојот статус“ – вели Спелинг.

i-go-iscica-bogatstvoto-pa-ja-ostavi-na-ulica-tori-speling-za-prvpat-iskrena-zoshto-ne-se-razvela-vednash-od-soprugot-11.jpg

Инаку, Тори и Дин беа во брак 18 години и заедно добија пет деца.

i-go-iscica-bogatstvoto-pa-ja-ostavi-na-ulica-tori-speling-za-prvpat-iskrena-zoshto-ne-se-razvela-vednash-od-soprugot-13.jpg

Актерката во една пригода призна дека никој не ѝ го скршил срцето, откако била во врска со Брајан Остин Грин.

i-go-iscica-bogatstvoto-pa-ja-ostavi-na-ulica-tori-speling-za-prvpat-iskrena-zoshto-ne-se-razvela-vednash-od-soprugot-14.jpg

Нејзиниот поранешен сопруг, пак, призна дека вечерта пред да се разведат, тие имале бурна расправија под дејство на алкохол, по што тој се обидел да посегне по сопствениот живот.

Дин веднаш се пресели кај неговата љубовница Лили Кало, која работи како сметководителка, а Тори остана сама со децата да живее во евтини мотели и во камп-приколка, затоа што тоа беше единственото што можеше да си го дозволи во тој период.

i-go-iscica-bogatstvoto-pa-ja-ostavi-na-ulica-tori-speling-za-prvpat-iskrena-zoshto-ne-se-razvela-vednash-od-soprugot-18.jpg

Прочитајте и Тори Спелинг на „работ од сиромаштија“ среде развод - Порасна во палата со 123 соби, сега оди во евтини мотели

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg