Тори Спелинг на „работ од сиромаштија“ среде развод - Порасна во палата со 123 соби, сега оди во евтини мотели

Тори Спелинг, чиј татко имаше богатство од 600 милиони долари, порасна во раскош, но сега отседнува во евтини мотели. Ѕвездата од Beverly Hills беше отсечена од семејното богатство поради лошите навики за трошење, а сега се раздели и од сопругот, наводно поради финансиските проблеми и нејзините нереални барања.

porasna-vo-palata-so-123-sobi-sega-odi-vo-evtini-moteli-tori-speling-vo-losha-finansiska-sostojba-dodeka-se-razveduva-od-soprugot-01.jpg

Тори Спелинг, која порасна во раскош, периодов се соочува со финансиски проблеми и неодамна беше забележана со петте деца во евтин мотел.

Актерката која се прослави со серијата Beverly Hills е ќерка на познатиот американски продуцент Арон Спелинг, чие богатство пред смртта се проценуваше на околу 600 милиони долари.

Од ова, Тори наследи само 800.000 долари, а се чини дека периодов не ѝ оди најдобро.

porasna-vo-palata-so-123-sobi-sega-odi-vo-evtini-moteli-tori-speling-vo-losha-finansiska-sostojba-dodeka-se-razveduva-od-soprugot-06.jpg

porasna-vo-palata-so-123-sobi-sega-odi-vo-evtini-moteli-tori-speling-vo-losha-finansiska-sostojba-dodeka-se-razveduva-od-soprugot-07.jpg

50-годишната Тори викендов беше забележана во мотел во Лос Анџелес со нејзините деца. Според Daily Mail, една ноќ во мотелот чини 100 долари.

porasna-vo-palata-so-123-sobi-sega-odi-vo-evtini-moteli-tori-speling-vo-losha-finansiska-sostojba-dodeka-se-razveduva-od-soprugot-10.jpg

Неодамна актерката откри и дека морале да се иселат од домот бидејќи имале сериозни проблеми со мувла.

porasna-vo-palata-so-123-sobi-sega-odi-vo-evtini-moteli-tori-speling-vo-losha-finansiska-sostojba-dodeka-se-razveduva-od-soprugot-09.jpg

За споредба, Тори порасна во огромната куќа што ја изгради татко ѝ. Раскошниот дом, кој повеќе наликува на палата, има 123 соби, вклучувајќи 27 бањи и 14 спални соби.

Во 2022-ра, куќата се продаваше за 160 милиони долари.

porasna-vo-palata-so-123-sobi-sega-odi-vo-evtini-moteli-tori-speling-vo-losha-finansiska-sostojba-dodeka-se-razveduva-od-soprugot-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg