Лепа Брена е наша југословенска икона: Модата на ѕвездите на Elle Style Awards 2024 во Белград
- Детали
- понеделник, 25 ноември 2024
Настанот со дрес код „Југошик“ имаше за цел да потсети на Југославија, на едни стари, добри времиња и на суштинските вредности од тоа време како љубов, братство, единство и слога, а некако природно дојде модната доминација на Лепа Брена – икона од тоа време, но и икона денес.
Во петокот (22.11) во палатата Србија во Белград традиционално се одржа величествениот настан Elle Style Awards 2024, каде дрес кодот на вечерта беше „Југошик“.
фото: Инстаграм ElleSerbia
На ова доделување на награди пејачките Лепа Брена, Сара Јо и инфлуенсерката Дуња Јованиќ имаа своја модна доминација.
фото: Инстаграм ElleSerbia
Темата на вечерта „Југошик“ беше избрана како сеќавање на деновите кога модата беше многу повеќе од визуелен израз, туку беше симбол на еден идентитет, друштвена поврзаност и вредност.
Со овој настан се оживеа југословенскиот дух, спојувајќи ретро елементи со иновативни дизајнерски решенија од денешнината.
Модата на Elle Style Awards 2024:
Лепа Брена
Дуња Јованиќ