Дуња Јованиќ се жали дека штиклите од Yves Saint Laurent ѝ биле неудобни – Српските ѕвезди на Elle Style Awards во Белград
- Детали
- среда, 22 ноември 2023
Сека Сабљиќ доби награда за животно дело, Божо Вреќо настапи во ексцентричен стајлинг, а инфлуенсерката Дуња Јованиќ мака мачеше со чевлите. Како изгледаа познатите Срби на доделувањето на Elle Style Awards?
Во Белград се одржа модниот настан Elle Style Awards, на кој се доделија повеќе награди, а присуствуваа голем број познати српски личности и инфлуенсери.
Настанот беше насловен Mystical Forest Soirée, па така салата во белградскиот Сава Центар беше уреден во духот на тематиката – со декорации што потсетуваат на магична шума, интимно осветлување и танчари кои настапија во костими во боја на кожа обоени со боја.
На настанот настапија Божо Вреќо и Нина Бадриќ, а наградата за животно дело ѝ припадна на вонвременската актерка Сека Саблиќ.
На настанот присуствуваше и сестрата на Наташа Беквалац, Кристина, која се појави во кожен фустан и долг кожен капут.
Српската инфлуенсерка Дуња Јованиќ на настанот носеше црн аутфит, кој го комплетираше со црни чевли од Yves Saint Laurent, но освен што имаше проблем со нив додека требаше да позира пред фотографите, таа на Инстаграм Стори се пожали дека тоа се најнеудобните чевли што некогаш ги носела.
„Ова се најубавите и најнеудобните чевли со високи потпетици.
Синоќа одев во нив и како ќе згазам, така слушам како да имам потковици на нозете.
Ги вртам двете чевли и сфаќам дека веќе немам флекници и дека одам на шајки. Вистина е дека се преубави, но и воопшто не се удобни“ – рече таа.
Погледнете уште неколку фотографии од познатите кои присуствуваа на настанот:
Б. С. Б. | Црнобело