Србин му организирал оргии, пред да стане актер се дружел со криминалци – Бурниот живот на Ален Делон
- Детали
- понеделник, 19 август 2024
На само 4 години родителите му се развеле и го оставиле во згрижувачко семејство. Шестпати бил бркан од католичките училишта, го избркале и од морнарицата, а потоа стана најголемиот заводник на 20-тиот век. Неговата кариера беше проследена со скандали за неверства, убиства и оргии. Што знаеме за Ален Делон?
На 18-ти август годинава, светот се прости со иконата на францускиот филм Ален Делон, кој со години наназад важеше за еден од најголемите заводници и беше симбол за сексапил.
Убавиот изглед и талентот за глума му донесоа повеќедецениска кариера и богатство, но актерот кој почина на 88-годишна возраст зад себе има бурно минато.
Од скромни почетоци и трагично детство, до плодна кариера и голем број скандалозни врски, Ален Делон со децении наназад го привлекувал вниманието на јавноста.
Во продолжение повеќе интересни детали за неговиот живот, но и за скандалите во коишто се наоѓал:
Ален Делон бил роден во Париз во 1935-та година како единствениот син на кинематографскиот менаџер Фабијен Делон и неговата сопруга Едит. Неговите родители се развеле кога Ален имал само 4 години и тој бил испратен да живее во згрижувачко семејство, додека неговите родители започнале нови врски.
„Осаменоста е дел од мојот живот. Живеам добро со неа. Таа ми е потребна“ – рече актерот во документарниот филм од 2015-та година каде се присети на тешкото детство.
По смртта на родителите коишто го посвоиле, Ален бил пратен во католички училишта со интернати, од каде бил бркан шестпати заради проблематичното однесување.
На 14 години тој се вратил да живее со мајка му и со нејзиниот нов сопруг кој бил касап и се обидел да му ги пренесе тајните на занаетот. Но, на 17 години Ален се пријавил во војска и служел во војната во Индокина, односно Виетнам.
Но, и оваа кариера не траела долго, затоа што бил избркан од морнарицата откако украл џип.
По враќањето од војната, живеел во проблематични делови на Париз каде работел кaко келнер и постојано комуницирал со проститутки и криминалци, но благодарение на добриот изглед, во 1958-ма година ја добил улогата во филмот Christine каде играл заедно со актерката Роми Шнајдер.
Ален и Роми веднаш потоа станале пар и речиси пет години го привлекувале вниманието со нивната врска и свршувачка.
Во периодот додека бил свршен со Роми, Ален се нашол среде скандал, откако германската пејачка и композиторка Нико, почнала да тврди дека останала бремена од него, по една вечер помината заедно во Њујорк.
Нико го родила синот Ари, но Ален никогаш јавно не го признал. Мајка му на Ален, Едит, во подоцнежните години се грижела за Ари и се обидела да го спаси детето од мајка му која во тој период живеела хаотичен живот и била зависничка од опојни супстанци.
Ален Делон во Белград
Врската со Роми Шнајдер завршила во 1963-та година кога Ален ја запознал француската актерка Натали Бартелеми, со која се венчал следната година. Но, иако во 1965-та година тие го добиле синот Антони, Натали брзо сфатила дека Ален е неспособен да биде верен на една жена.
Ален и Натали
Цело време се ширеле гласини за неверствата на Ален Делон, а во 1968-ма година тој се најде среде скандал кога се појавија написи дека актерот редовно учествувал во оргии, организирани од неговиот поранешен телохранител Стеван Марковиќ.
Србинот Стеван Марковиќ
Таа година телото на Марковиќ било најдено во реката Сена, а гласините биле дека наводно Србинот направил оргија во која ја снимил сопругата на идниот француски претседател Жорж Помпиду.
Ален во тој период бил добар пријател со Помпиду, но и со гангстерот од Корзика Франсоа Маркантони, а бил интензивно испрашуван од полицијата за убиството на Марковиќ, но случајот останал нерешен.
Ален Делон на распит во полиција