Ѕвезди кои имаа(т) најлоши заби во Холивуд: Пожолтена боја, поткршени делови
- Детали
- недела, 09 јуни 2024
„Кога гледам луѓе со совршени заби, се нервирам. Подобро би голтнал бубачка, отколку да имам такви заби“, вели Џони Деп, кој ги има едни од најлошите заби во Холивуд.
Кога некој има убави, бели заби, со совршена форма, знаеме да кажеме дека има холивудска насмевка.
Но, иако најголемиот број светски ѕвезди уште на почетокот на кариерата си ги коригирале забите, има и такви кои не се грижат дали имаат совршени заби или не.
Ова се некои од ѕвездите кои имаа (или и понатаму имаат) најлоши заби во Холивуд:
Линдзи Лохан
Актерката во 2011 година целосно го смени имиџот, па природната црвена коса ја замени со руса нијанса. Тогаш дојдоа до израз нејзините заби кои беа поткршени и пожолтени.
Неколку години подоцна, Линдзи направи корекција со која ги побели забите и стави навлаки за да ги скрие скршените врвови.
Џони Деп
Популарниот актер неодамна во јавноста се појави подмладен и со нов имиџ, но не ги поправи своите заби кои се пожолтени од цигари и кои имаат неправилна форма и дупки меѓу нив.
Актерот во една пригода изјави дека е горд што забите му се криви:
„Кога гледам луѓе со совршени заби, се нервирам. Подобро би голтнал бубачка, отколку да имам такви заби“.
Ана Пакин
Актерката, која стана популарна со улогата во серијата True Blood, на почетокот на кариерата имаше огромен процеп меѓу забите.
Неколку години подоцна, таа ја намали дупката меѓу забите, но и понатаму има мал процеп, кој ѝ е заштитен знак.
Ванеса Паради
Француската актерка и пејачка е позната по своите раздвоени заби.
Таа многупати нагласила дека забите ѝ се заштитен знак и дека никогаш не би направила корекција за да ги смени.
Антони Дејвис
Кошаркарот на Los Angeles Lakers одбива да ги коригира забите. Иако на горната вилица има рамни заби, долните му се преклопени, и еден е поназад друг понапред.
Поради ова американските медиуми пишуваат дека Дејвис ги има најлошите заби во историјата на NBA.
Стив Бушеми
Актерот и режисер вели дека никогаш не би ги „разубавил“ своите заби по холивудски стандарди.
Неговите заби се со неправилна форма, различна големина, пожолтени и по малку криви, но Бушеми ја одбил секоја понуда на стоматолозите да му направат блескава холивудска насмевка.
Том Круз
Горната вилица на Том Круз е целосно изместена, а едната единица му е поставена централно, наместо двете единици да се на средината.
Ова се случило откако на почетокот на 1980-те години, Круз бил погоден од хокеарски пак, па тој му го поткршил забот и од силината на ударот, тој малку се изместил.
Круз носел протези во 2002 година, но и покрај тоа забите не му се совршени.
А. Ј. | Црнобело