Држење пијачки, пеглање врвки од чевли: Луди работи за кои славните имаат најмено асистент
- Детали
- сабота, 14 декември 2024
Поранешна асистентка ја тужеше Лејди Гага бидејќи од неа барала да биде достапна 24/7, па дури и да спие со неа во ист кревет, без притоа да ѝ плати за прекувремена работа.
За некои работи е нормално да најмиме помош ако можеме да си го дозволиме тоа – на пример, хигиеничар кој ќе се грижи за чистотата во домот.
Оние кои се многу зафатени (и имаат повеќе пари), очекувано е да имаат и лични асистенти кои ќе им помагаат со натрупаниот распоред во текот на денот.
Но, дел од познатите личности најмуваат луѓе за најчудните работи – од држење пијачки до „асистент за качување по скали“.
Дел од најчудните работи за кои славните имаат најмено помош:
Мараја Кери
Мараја Кери е позната по однесувањето на разгалена дива, па веројатно не е ни чудно што најмува помош за најбизарните работи.
Според поранешни вработени кај пејачката, таа имала најмено асистент чија работа е само да ѝ подава и да ѝ ги држи пијачките.
Друг извор, пак, вели дека најмила и „асистент за качување по скали“ кога гостувала во шоуто на британски комичар.
Имено, пејачката користела исклучиво лифтови или ескалатор, но за да стигне до студиото, немала избор освен да се качи по скали.
Лејди Гага
Според поранешната асистентката на Лејди Гага, таа морала да биде достапна за неа 24/7.
Некогаш дури и барала да спие со неа, во ист кревет.
Асистентката дури и ја тужеше Гага бидејќи не ѝ плаќала за прекувременото работење.
Снуп Дог
Познатиот рапер имал најмено личност која ќе му прави џоинти (цигари со марихуана).
А, му давал и прилично добра плата – 50.000 долари годишно.
Не е познато дали раперот уште има ваков асистент, но првиот кој бил најмен за таа цел, има изјавено дека дневно правел над 75 цигари со марихуана за него.
Марк Волберг
Актерот нема потврдено, но според луѓе кои работеле за него, тој има најмено асистент чија единствена задача е да го буди наутро, за да не користи аларм.
Бијонсе
Според поранешни вработени на Бијонсе, еден од нејзините асистенти има задача да ѝ носи пилешко во хотелската соба секоја вечер кога е на турнеја.
Кралот Чарлс
Членовите на кралското семејство имаат помош за буквално сè, а кралот Чарлс има асистент кој го облекува и соблекува.
Според поранешни вработени во палатата, веројатно кралот Чарлс никогаш сам си ја нема променето облеката.
Исто така, тој имал најмено и личност која е должна да ги пегла врвките од неговите чевли.
Спирова С. | Црнобело