Мајкл Џексон спиел во ист кревет со мали деца: Најскандалозните признанија на славните (што јавноста ги заборави)
- Детали
- недела, 19 јануари 2025
Мајкл Џексон откри дека спиел во ист кревет со мали деца, поточно Меколи Калкин и брат му Киран, но откако се соочи со критики, самиот ја демантираше својата изјава.
Скандалите се неизбежен дел од животот пред очите на јавноста, но се уште позабавни кога славите личности самите ги признаваат.
Некогаш случајно, некогаш бидејќи мораат, но факт е дека не недостасуваат скандалозни, па и бизарни признанија од славните.
Дел од „најсочните“ во продолжение:
Аферата на Дејвид Летерман
Познатиот водител откри дека имал афера и тоа на телевизија, во живо.
Во неговата емисија, тој кажа дека бил уценуван да му даде пари на непознат маж. Во спротивно, мажот ќе им кажел на сите за аферата.
Па, не сакајќи да му даде пари на уценувачот водителот призна пред камера, во период додека беше во брак и со сопругата имаше 5-годишно дете.
„Да, сум имал секс со жени кои работат на мојата емисија“, кажа водителот.
Тајниот син на Дрејк
Pusha T не е многу познат музичар, но тој е личноста што му кажа на светот дека Дрејк има син по име Адонис.
Раперот напиша песна како одмазда за Дрејк и во неа пее за неговиот син.
Според него, Дрејк планирал да го открие постоењето на син му во кампања или, со други зборови, да го искористи за реклама.
Неколку месеци подоцна, Дрејк попушти, па самиот потврди дека има син, но не со реклама.
Вонбрачното дете на Арнолд Шварценегер
Во 2011 година, Шварценегер самиот кажа дека добил син од афера со негова куќна помошничка.
Син му се родил во 2001-ва, и актерот долго време криел од тогашната сопруга Марија Шривер.
Денес тој е во добар однос со вонбрачниот син, но, очекувано, се разведе од Марија.
Мајкл Џексон спиел со мали момчиња (но само спиел)
Во документарецот Living with Michale Jackson од 2003-та, познатиот пејач призна дека спиел во ист кревет со млади момчиња.
„Имам спиено во ист кревет со многу деца.
Кога Меколи Калкин беше мал, брат му Киран спиеше на едната страна, а тој на другата. Сестра му беше овде.
Сите ќе си легневме на истиот кревет. И се будевме рано наутро за да се возиме со балон со топол воздух“.
На прашањето дали спиењето во ист кревет со деца кои не се негови е нормално, тој одговори:
„Нормално е, полно со љубов. Што има лошо во тоа да се споделува љубовта?“
Сепак, во подоцнежно интервју, тој самиот се демантираше, веројатно поради критиките од јавноста.
„Не спиев во кревет со децата. Дури и да сум спиел, нема ништо лош во тоа. Но, јас спиев на подот, креветот им го отстапив на децата“.