Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите

Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика, а да не каже дека тие се нејзина најголема гордост.

sinovi-lidija-vukicevic-01.jpg

Андреј и Давид се наследниците на Лидија Вукичевиќ кои ги доби од бракот со спортскиот директор на ФК „Црвена Звезда“ Митар Мркела.

Заедно беа од 1991 до 2000 година.

И покрај тоа што родителите им се познати и влијателни личности, Андреј и Давид напорно работеле на себе и никогаш не се потпирале на успехот на родителите.

Постариот син Андреј е роден во 1992 година и е успешен спортски менаџер, а Давид, кој е три години помлад, е пилот.

И двајцата важат за многу воспитани и скромни момци, а може да се каже дека убавината и харизмата ја наследиле од својата мајка.

Лидија не крие дека е многу горда на своите наследници и во неколку интервјуа истакна дека со нив изградила врска базирана на искреност и дома секогаш отворено разговарале.

Таа како мајка секогаш ги учела да бидат самостојни и да не бидат „мамини синови“.

„Ја поддржав нивната желба да се оддалечат. Нормално е да имаат свој простор, а не девојки да доаѓаат во станот што го делат со мајка им.

Си дадов задача да не бидат „мамини синови“, бидејќи нема да бидат добри за никого. Која девојка сака да има „мамино момче“ покрај себе? Никој.

Ниту додека беа мали не го дозволував тоа. Едниот имаше седум, а другиот четири години кога се разведов од нивниот татко.

Тие пораснаа со мене и израснаа во независни млади луѓе. Не живееме заедно, но тие често доаѓаат. Уживам да одам на шопинг со нивните девојки“ – откри Вукиќевиќ за „Hello“.

„Јас сум секогаш надзорно тело. Морам во секое време да знам каде се и што прават. Имам апсолутна контрола и над едниот и другиот син. Ги научив да бидат господа.

Секогаш им велев: Дури и да си една вечер со девојка, треба да ѝ платиш такси и да ја видиш дома. Им велев да бидат кавалери: Нека ве сакаат сите жени, а вие изберете која ќе ја сакате“ – додала актерката.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg