Бил близок со принцезата Дијана, често разговарале за синовите – Факти за сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ

Јадел по половина јагне пред да излезе на терен, а со принцезата Дијана биле пријатели. Нивните разговори речиси секогаш биле сконцентрирани околу нивните синови, Филип и принцот Хари. Непланирано ја прекинал тениската кариера, па останал без пари. Киднапери барале милиони за да го вратат неговиот син - жив или мртов. Што знаеме за сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ?

zivot-po-koj-moze-da-se-snimi-film-pred-brakot-so-lepa-brena-boba-zivojinovic-se-gledal-so-prinezata-dajana-01.jpg

Самиот себеси се претставува како сопруг на пејачката Лепа Брена, свесно заземајќи удобно место во нејзината сенка од кое може слободно да ужива во убавините на животот.

Глобална ѕвезда во 80-тите, успешен бизнисмен, а пред сѐ добар човек и глава на семејството.

Еден од најдобрите српски тенисери Слободан Боба Живојиновиќ (61) тенис почнал да тренира кога имал само 4 години.

zivot-po-koj-moze-da-se-snimi-film-pred-brakot-so-lepa-brena-boba-zivojinovic-se-gledal-so-prinezata-dajana-02.jpgфото : Инстаграм

Неговите родители воделе ресторан во рамките на тениски клуб чиј терен тие го одржувале, па не е ни чудо што од мали нозе е врзан за рекетот. 

На 12 години станал шампион на Србија, а подоцна и на цела Југославија. 

На 17 години веќе важел за еден од најдобрите јуниори во светот. 

На 19 години бил најдобар играч во светот во поединечна и конкуренција на двојки.

Одиграл повеќе од 250 мечеви и остварил 150 победи.

zivot-po-koj-moze-da-se-snimi-film-pred-brakot-so-lepa-brena-boba-zivojinovic-se-gledal-so-prinezata-dajana-03.jpgфото: Инстаграм

Никогаш не водел здрав живот, сакал добро да се најаде и напие.

„Знаев да изедам половина јагне, а потоа да излезам на терен. Мислев, ако јадеш добро, ќе играш добро.

Во спортот сега работите не стојат така.

Па, јас бев познат по тоа што излегував на терен со сендвич, малку јадев, малку тренирав. Така се загревав. За жал, којзнае што ќе се случеше ако имаше кој да ме води.

Живеев во уверувањето дека ако јадеш стек, ќе бидеш силен“, изјавил Боба.

zivot-po-koj-moze-da-se-snimi-film-pred-brakot-so-lepa-brena-boba-zivojinovic-se-gledal-so-prinezata-dajana-04.jpgфото: Инстаграм

Боба важел за психички исклучително силен тенисер, кој покажувал неверојатна смиреност во клучните моменти од мечот, а многумина веруваат дека токму благодарение на неговиот карактер бил толку успешен во кариерата.

Важел за еден од најголемите заводници во поранешна Југославија во текот на 80-тите, а на неговиот шарм не останала имунa ниту покојната англиска принцеза Дијана.

Често доаѓала на неговите натпревари, следејќи го од трибините за да биде поблиску до теренот, иако членовите на кралското семејство имале ВИП ложа.

„Навиваше за мене. Ми беше исклучително мило што бев поддржуван од таква жена.

Дајана беше прекрасна личност со која можев да разговарам за обични работи.

Нејзината големина беше во таа нормална комуникација. Бев изненаден колку е природна жената. Чест ми е што ја познавав.

Нашите долги разговори се сведуваа на приказни за секојдневните работи и нашите деца. Филип е врсник со нејзиниот помлад син Хари, па тоа главно ни беа теми за разговор“, изјавил Боба во 2016 година за српскиот весник Курир.

Во 1992 година ја завршил професионалната тениска кариера, поради повреда во кичмата.

За Prva.rs открил дека шест години пред крајот на кариерата чувал пари на посебна сметка која ја заклучил.

Во еден момент дошол во ситуација кога немал ниту денар на сметката која смеел да ја користи, додека на другата имал, но не смеел да ги повлече. 

Токму тогаш започнала неговaта бизнис кариера.

На следната страница повеќе за неговиот приватен живот и за киднапирањето на неговиот син Стефан...



Би можело да ве интересира:

„Плоче“ и уште 7 најубави бич барови и ресторани на плажите во Црна Гора Листа од некои од најубавите барови и ресторани покрај плажа во Црна Гора, кои н...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg