Бил близок со принцезата Дијана, често разговарале за синовите – Факти за сопругот на Лепа Брена, Боба Живојиновиќ
Во раните 80-ти бил во врска со Зорица Десница, а од таa љубов во 1985 година се родил синот Филип.
Во 1986 година ја запознал тогаш најголемата естрадна ѕвезда во поранешна Југославија - Лепа Брена.
Се запознале по премиерата на нејзиниот филм „Hajde da se volimo“ во Домот на синдикати.
Таа средба за нив била судбоносна, меѓу нив веднаш се почувствувала силна енергија, а Брена била воодушевена од неговата спонтаност.
фото: Инстаграм
Боба раскинал со Зорица и секој слободен момент го користел да го помине времето со Брена.
На на 7 декември 1991 година се венчале во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград.
Плод на нивната љубов се двајцата синови Стефан и Виктор.
фото: Инстаграм
На 23 ноември 2000 година, кога нивниот син Стефан имал само 8 години, бил киднапиран, а киднаперите барале милиони од неговите родители за да го вратат - жив или мртов.
Пет дена по киднапирањето Стефан бил вратен дома жив и здрав, но Брена и Боба никогаш јавно не проговориле дали и како го платиле откупот.
Набргу потоа целото семејство заминало во Америка, каде поминале една година, а дури по враќањето разговарале со полицијата која го испрашувала и малиот Стефан, но тоа не им помогнало во истрагата, бидејќи момчето не ги препознавало осомничените.
И по 3 децении бракот на Боба и Лепа Брена важи за еден од најстабилните на естрадата.
фото: Инстаграм
С. Ш. | Црнобело