Се грижела за него пред смртта, му го посвети најголемиот хит – Фотки од детството на Теја Дора со татко ѝ Драган Павловски

Секојпат кога ја пее нејзината најпозната песна, чувствува огромна болка, затоа што додека ја пишувала морала да се грижи за болниот татко, кој починал пред 3 години. Што кажа српската претставничка на Евровизија 2024 Теја Дора за односот со татко ѝ Драган Павловски Гандра?

se-grizhela-za-nego-pred-smrtta-mu-go-posveti-najgolemiot-hit-fotki-od-detstvoto-na-teja-dora-so-tatko-i-dragan-pavlovski-01.jpg

Српската претставничка на Евровизија 2024 Теја Дора е топ тема во балканските медиуми откако успеа да се пласира во финалната вечер што ќе се одржи во сабота (11.05) во Малме, Шведска.

se-grizhela-za-nego-pred-smrtta-mu-go-posveti-najgolemiot-hit-fotki-od-detstvoto-na-teja-dora-so-tatko-i-dragan-pavlovski-02_copy.jpg

Теја Дора претходно стекна огромна популарност во Србија благодарение на песната „Џанум“ која беше и саундтрак за втората сезона на хит-серијата Južni vetar.

se-grizhela-za-nego-pred-smrtta-mu-go-posveti-najgolemiot-hit-fotki-od-detstvoto-na-teja-dora-so-tatko-i-dragan-pavlovski-03.jpg

Нејзиното влегување во финале со песната „Рамонда“ изненади многумина, затоа што Теја Дора не котираше високо на евровизиските обложувалници.

Теја Дора не сака премногу да зборува за својот приватен живот и многу повеќе се знае за нејзината мајка Јасна Јојиќ, српска новинарка и антрополог која ја проучувала влашката магија, но познато е дека пејачката била подеднакво блиска и со нејзиниот татко Драган Павловски Гандра.

se-grizhela-za-nego-pred-smrtta-mu-go-posveti-najgolemiot-hit-fotki-od-detstvoto-na-teja-dora-so-tatko-i-dragan-pavlovski-06.jpg

На Инстаграм деновиве кружат досега невидени фотки на кои Теја Дора е со нејзиниот татко, а од она што го споделила досега со јавноста се знае дека многу тешко ѝ паднала неговата смрт.

se-grizhela-za-nego-pred-smrtta-mu-go-posveti-najgolemiot-hit-fotki-od-detstvoto-na-teja-dora-so-tatko-i-dragan-pavlovski-05.jpg

Пред настапот на Евровизија, мајка ѝ откри дека таткото на Теја Дора долги години живеел на Кипар, каде што работел како графички дизајнер и уметник, а пејачката во младоста летата ги поминувала таму.

„Додека работев на песната ’Џанум‘, татко ми се разболе, мошне тешко и ненадејно. Тој беше генерално силен и позитивен човек, активен и не очекуваше дека ќе се разболи на начинот на којшто се разболе.

se-grizhela-za-nego-pred-smrtta-mu-go-posveti-najgolemiot-hit-fotki-od-detstvoto-na-teja-dora-so-tatko-i-dragan-pavlovski-09.jpg

Многу брзо почина. Јас внимавав на него, беше кај мене и го чував во тој период, што беше многу краток. Тоа се случи во тој период, кога ја пишував песната, така што тоа ми беше нешто најтешко што во животот сум го доживеала“ – изјави таа.

se-grizhela-za-nego-pred-smrtta-mu-go-posveti-najgolemiot-hit-fotki-od-detstvoto-na-teja-dora-so-tatko-i-dragan-pavlovski-08.jpg

Во повеќе наврати вели дека секојпат кога ја пее оваа песна чувствува огромна болка заради загубата.

Инаку, победата на Изборот за песна за Евровизија во Србија, Теја Дора ја посвети на нејзиниот татко кој исто така бил музичар и свирел на гитара.

„Тој беше некој што силно ме поддржуваше во тоа, како и мајка ми, но ние бевме поблиски во смисла на уметноста. Тој свиреше гитара и требало да свири во групата ’Смак‘, но нешто се случило и не дошло до тоа.

se-grizhela-za-nego-pred-smrtta-mu-go-posveti-najgolemiot-hit-fotki-od-detstvoto-na-teja-dora-so-tatko-i-dragan-pavlovski-07.jpg

Нему му ги праќав сите песни и го прашував за мислење, а неговите совети многу ми помагаа. Секогаш ми зборуваше за емоциите и ми велеше: ’Тоа што ти треба да го направиш со музиката е да шириш љубов и да шириш емоција и да бидеш добар човек‘“ – изјави Теја Дора за српските медиуми.

Доколку Теја Дора нè изненади сите и сепак победи на годинешната Евровизија, јасно е кому ќе му ја посвети оваа победа.

Прочитајте и Која е Теодора Павловска – Девојката што ќе ја претставува Србија на Евровизија?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Петар Грашо го откри полот на бебето што го очекува – Дали пак ќе му го даде името што го планирал с... Пред извесен период хрватскиот пејач Петар Грашо, откри дека неговата сопруга Ха...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Татко ѝ не ѝ давал да носи градници како мала, сега таа прави корекции и се разголува – Што знаеме з... Ужива во луксузот кои нејзините родители ѝ го овозможиле додека нив ги немало до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg