Некогаш ја поврзуваа со Нејмар и Душко Тошиќ, денес е мајка и живее во луксуз – Каде е и што прави Сораја Вуќелиќ?
- Детали
- четврток, 19 септември 2024
Пораснала во дом за деца без родители, стана славна во реално шоу, а потоа ја поврзуваа со голем број познати мажи, но и со криминалното подземје во Црна Гора. Денес е сопруга на руски милионер и мајка, а на Инстаграм се фали со луксузот во кој живее. Што прави Сораја Вуќелиќ денес?
Црногорската старлета Сораја Сара Вуќелиќ се прослави во шоуто „Големиот брат“ во 2011-та година, a се појави и на насловните страници на списанијата CKM и Playboy во Србија, Хрватска, Македонија и Јужна Африка.
Познато е дека таа била родена во 1986-та година во Книн, Хрватска, а мајка ѝ ја оставила во деца за дом без родители, затоа што немала услови да се грижи за неа.
Бабата и дедото на Сораја, ја исфрлиле мајка ѝ на улица кога останала бремена и не сакале да ѝ помогнат.
Таа израснала во домот за деца без родители, каде живеела до тинејџерските години.
Кога семејството одлучило да ѝ прости на мајка ѝ Анка, Сораја се вратила да живее кај вујковците, но за жал мајка ѝ се разболела и старлетата останала сираче на возраст од само 17 години.
На 19 години се преселила во Белград, каде почнала да работи како модел, а се смета дека пред да почне да учествува во реалното шоу што ѝ ја донесе најголемата слава, направила естетски корекции на градите.
Низ годините Сораја ја поврзуваа со голем број познати мажи, а во 2013-та година таа тврдеше дека на Ибица се запознала и почнала врска со бразилскиот фудбалер Нејмар.
Во 2018-та година Сораја се најде на листата на странски државјани на кои им беше забранет влез во Србија.
Заради наводна поврзаност со некои од криминалните групи и се сметаше дека нејзиното влегување во земјата би можело да ја загрози безбедноста на граѓаните.
Во 2019-та година, таа повторно беше топ тема во медиумите, кога почна да се пишува дека една година имала афера со поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ.
Според српските таблоиди, старлетата и фудбалерот една година имале тајна врска, а Душко ѝ купувал скапи подароци и облека, додека таа редовно го посетувала во Истанбул, каде што тој играше во тој период.
Само неколку месеци подоцна, почнаа да кружат гласини дека старлетата се верила за синот на богат руски олигарх, кој по само 3 месеци врска ѝ дал дијамантски прстен од 150.000 евра и ја запросил за време на вечерата во еден од најскапите ресторани во Москва.
Инаку Сораја го крие идентитетот на нејзиниот партнер, а според српските таблоиди станува збор за руски милијардер, кој има свој клуб каде што настапуваат голем број познати ѕвезди од регионот.