„Дубаи се стреми да биде најфит град за неколку години, но тука менталитетот е склон кон комоција и натпреварувачката атмосфера е многу слаба. Во однос на скапиот живот, со киријата, која е околу 1000$ за просечна еднокреветна зависно од локацијата, во најголем дел од зградите ви следи и теретана, базен, 24/7 обезбедување, паркинг“ - открива Дамјан за CRNOBELO.com и зборува за својата професија како тренер во Дубаи, но и за животот таму.