Ангела Велинова: „Лешница направи да се вљубам во планините, Кораб ме зајакна, а камчињата срциња ме инспирираат“

„Со голем и тежок ранец на себе, уморна од нагорнините, преубаво е чувството кога во текот на движењето на планина ќе пронајдеш камче срце. Те мотивира да не се откажеш и те бодри да продолжиш со голема љубов кон највисоките врвови. Со секое најдено камче се насмевнуваш затоа што знаеш дека љубовта е заемна и тогаш кога не можеш да ја видиш. Собрав камчиња срциња и од Шара и од Кораб и од Олимп...“, раскажува Ангела Велинова (31) од Скопје.

angela-velinova-leshnica-napravi-da-se-vljubam-vo-planinite-korab-me-zajakna-a-kamchinjata-srcinja-me-inspiriraat-01.jpg

Ангела Велинова (31), дипломиран новинар и магистер по односи со јавноста, од Скопје е вработена во ПР Агенција, а омилено хоби ѝ е спортувањето, односно пешачење, возење велосипед, планинарење, пријавување на спортски настани за трчање.

Едноставно, верува во тоа дека животот треба да се живее со полни гради и срце.

angela-velinova-leshnica-napravi-da-se-vljubam-vo-planinite-korab-me-zajakna-a-kamchinjata-srcinja-me-inspiriraat-02.jpg

За нејзината љубов кон планината и најубавите мигови, Ангела споделува за CRNOBELO.com:

„Првото искуство со планина, покрај редовното искачување на Водно ми беше пред една година кога за првпат отидов на прошетка до Лешница, сместена во срцето на Шар Планина. 

Магично и незаборавно доживување. Се движиш покрај бујна, густа букова и борова шума, насекаде зеленило, водопади, интересни мали и дрвени мостови низ кои мора да ги преминеш чистите планински реки.

Живописен пејзаж кој фасцинира мислејќи дека во тој момент се наоѓаш некаде во Швајцарија, а не во нашата мала Македонија, на неколку километри оддалечено од Тетово.

По завршувањето на прошетката од мистичната Лешница, дома се вратив со многу импресии, одморена, посреќна и исполнета. Според мене најубав планински предел во земјава.

angela-velinova-leshnica-napravi-da-se-vljubam-vo-planinite-korab-me-zajakna-a-kamchinjata-srcinja-me-inspiriraat-04.jpg

Тогаш си ветив дека морам да продолжам да ги запознавам и посетувам македонските природни богатства. Неколку месеци подоцна, решив да се пријавам на планинарска тура преку планинарско друштво од Скопје со цел да ја остварам својата замисла.

Благодарение на позитивната енергија, добрите и искусни водичи, како и прекрасните луѓе што ги запознав на овие тури одлучив да се зачленам во планинарски клуб, а кога коцките сами ќе се наместат е ушт поубаво, па среќна бев што планинарската членска книшка ми беше врачена токму на кампинг Лешница, една година подоцна.

Кампот беше организиран со спиење во шатори и будење со прекрасен поглед кон масивниот планински предел, гледање и фотографирање на ѕвезди, зајдисонце, изгрејсонце, вкусна храна и пикник, убава музика и дружба.“

angela-velinova-leshnica-napravi-da-se-vljubam-vo-planinite-korab-me-zajakna-a-kamchinjata-srcinja-me-inspiriraat-05.jpg

Ангел го искачи и Кораб, и споделува какво искуство беше ова...

„Имаше организирано искачување на највисокиот врв во Македонија – Голем Кораб (2764м).

Облачно време со најава за дожд, но силна желба и мотивираност за планинарење. Позитивната енергија беше нашата водилка низ целото неколку часовно одење.

Патот до Голем Кораб навидум тежок, но мирен и спокоен. Взаемно бодрење и помагање. Секој секому помага. Нема натпревар, нема гледање на време кој прв се искачил, туку сите заедно се движат кон целта.

angela-velinova-leshnica-napravi-da-se-vljubam-vo-planinite-korab-me-zajakna-a-kamchinjata-srcinja-me-inspiriraat-08.jpeg

Ми се допаѓа планинарењето со „I love hiking – group Macedonia“ затоа што секој планинар се труди да биде подобар од вчера, со секоја планинарска тура секој се труди да работи на себе и да ги надмине своите стравови од висина, од карпи, итн. 

На планина сите си помагаат меѓусебе без разлика дали се познаваат или првпат се сретнуваат.

Многу е важно да има добар тим на водичи кои ќе се грижат за целата безбедност на учесниците. Професионални и обучени водичи беа распоредени на неколку точки во текот на турата, на почеток, на средина и на крајот од колоната. Облечени во препознатливи маици, во постојана меѓусебна комуникација со информирање како тече движењето, едуцирани за прва помош и достапни во секое време за помош, совет или какви било прашања.

Кораб е највисокиот врв во Македонија кој вреди да биде искачен. Вредно е да знаеме кои се нашите природни богатства, но и да ги посетиме. Вредно е да одиме што почесто на планина затоа што преку планинарење се грижиме за нашето психо-физичко здравје, учиме како да останеме смирени и фокусирани, се грижиме за нашата добросостојба, за физичкиот изглед, запознаваме прекрасни луѓе кои стануваат дел од нашиот секојдневен живот.“

angela-velinova-leshnica-napravi-da-se-vljubam-vo-planinite-korab-me-zajakna-a-kamchinjata-srcinja-me-inspiriraat-10.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Анџело Павловски за патувањето во Јапонија: „Младите обожаваат караоке, дневна карта за метро во Ток... „Секој Јапонец, без разлика на тоа од каде сте и како изгледате, се однесува со ...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Денис Давитковски живее во Барселона: „Локалците постојано делат комплименти, но има кражби на секој... „Барселона е топла овој период од годината. Ми беше необично кога го гледав ките...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg