Никола Тефов, од Неготино се пресели во САД: „Во Њу Џерси има многу Македонци, на одмор одам на Флорида“

„Во Њу Џерси дефинитивно имаме една од поголемите македонски заедници во САД, но исто така и во Охајо, Илиноис и Флорида. Зошто живеам во Њу Џерси? Па, мислам најмногу поради заедницата и полесното добивање на работа без добро познавање на англиски јазик“, споделува Никола Тефов од Неготино за CRNOBELO.com.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-01.jpg

Никола Тефов од Неготино е претприемач, продуцент и музички артист, кој во САД живее од 2017 година.

Како место за живот го избрал Њу Џерси, а вели дека Америка му се допаѓа затоа што нуди можност за исполнување на соништата.

Никола Тефов споделува за CRNOBELO.com:

Зошто токму САД го избра како место за живот?

Како детска желба која подоцна се разви во главна цел, можам да кажам дека уште од мали нозе ми беше љубовта кон музиката и уметноста. Но, исто така сакав и да патувам, да запознавам разни култури. Мечтаев дека еден ден ќе ги посетам градовите како Лондон, Париз, Вашингтон, Њујорк, Лос Анџелес, Мајами и други.

Дел од нив веќе имам посетено, па можам да кажам дека полека, но сигурно, го остварувам сонот на малиот Никола, но сè уште имам празни места на мојата замислена листа за посета.

Моментално живеам во северниот дел од Њу Џерси, на половина час од Њујорк Сити, но имам живеено и на јужниот дел, подобро познат како Џерси Шор. Исто така имам живеено и во Масачусетс.

Најголемата причина зошто го избрав САД е бидејќи според мене е една од ретките земји, каде што не е забрането слободното изразување и каде што не постои тензија за партиска определба за да се здобиеш со работна позиција.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-03.JPG

Овде е малку поинаку, пореално, како што треба, би рекол. Амбициозноста, вложениот труд и целата посветеност е вреднувана, ценета и да, платена.

Исход на загуба има само ако самиот се откажеш.

Друга причина што сакам посебно да ја издвојам се разбира е секојдневниот напредок на музичката и филмската индустрија. Јас сум креативец во душа, со можности за повеќе и нови предизвици, јас постојам.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-02.JPG

Ти пречи ли брзото темпо и хаосот? Кога има најмногу посетители и кои проблеми настануваат во секојдневното функционирање?

Не ми пречи брзото темпо воопшто, но хаосот да. Зависи како си организиран и местото каде живееш. Некои места се во константен хаос.

Големите турканици настануваат во период од 16:00 до 19:00 часот, тогаш сите завршуваат со работа и сообраќајот е хаотичен. Па, можам да кажам дека најголем проблем е чекањето и губење време во сообраќај.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-20.JPEG

Го живееш ли (својот) американски сон?

Искрено, не би можел да кажам да или не, но среќен и задоволен сум од самиот себе и сè што имам постигнато досега, но тоа не значи дека не мечтаам за повеќе, од причина што моите соништа често се надополнуваат.

Како што кажав јас сум креативец во душа, имам многу нови идеи и сакам да дознавам, творам и истражувам. Сè нешто ново и поразлично за мене е желба за повеќе.

Сепак сè се сведува на начинот на кој размислуваме, (mindset) сфатив колку е всушност битно да имаш правилно, позитивно и оптимистичко размислување на секој одел од твојот живот.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-13.JPG

Кои туристички места ти се допаѓаат најмногу во САД? Каде одиш на одмор?

Па, овде е малку обратно, па на одмор во зима одам во Флорида, таму овој период е најпријатен.

Но, кога е лето овде обожавам да ги шетам околните држави, дали би одел на кампување или би рентале кабина во планина. Исто така Њујорк Сити е доста интересна атракција, скоро секој еден пријател што ќе дојде го шетам во Њујорк.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-23.JPEG

Што ти се допаѓа најмногу таму?

Најмногу ми се допаѓат разновидностите што ги има овде, од различни култури, нации, и безброј места до различни кујни од целиот свет.

Исто така слободата на говор и достапноста што ја имаш на финансирање, инвеститори итн.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-21.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“ „Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред изле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg