Никола Тефов, од Неготино се пресели во САД: „Во Њу Џерси има многу Македонци, на одмор одам на Флорида“

Како се снајде во поглед на документи? Тешко ли е да се гради кариера таму?

Било каде да се доселиш си има свои правила и тешкотии, периодот со тогашната администрација беше најтешко за добивање на каква било виза.

Дефинитивно се појавија препреки и проблеми, па и подоцна со пандемијата премногу се закочија работите, но со доволно труд во сè се успева.

Тешко е да се гради кариера, но со упорност, конзистентност и без откажување се гради стабилна кариера каде и да си.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-12.JPG

Какви се локалците во поглед на врските и пријателствата, а какви во поглед на кариерата?

Па, во глобала луѓето се фини и покрај тоа што има голема разновидност на култури, раси и нации се формираат пријателства лесно.

Но, да се одржуваат тие пријателства е дефинитивно потешко бидејќи многу ретко се случува да живеете во ист град или да работите на исто работно место.

Од друга страна пак, тие пријателства што ги имаш стануваат посилни и подоверливи со текот на времето, има потреба од креирање баш соодветен план, време и напор се бара само за да се видите на ручек или на пијалак. Па, слично е и со љубовните врски, за состанок и забава е доста лесно, но за посериозна врска е дефинитивно потешко да се изгради.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-06.JPG

Од каде се твоите пријатели со кои се запозна во САД? Има ли многу Македонци во Њу Џерси? И зошто одат токму таму?

Па, имам пријатели од многу држави/нации, се разбира од Македонија, Полска, Русија, Нигерија, Англија, Мексико, Јамајка, Бразил, и нормално од Америка.

Во Њу Џерси дефинитивно имаме една од поголеми македонски заединици во САД, но исто така и во Охајо, Илиноис и Флорида. Зошто Њу Џерси, па мислам најмногу поради заедницата и полесното добивање на работа без добро познавање на англиски јазик.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-08.jpeg

Зошто САД е светлосни години пред многу други земји во светот?

Најголема причина според мене е тоа што сите држави имаат почит, слога и разбирање помеѓу себе, но тоа веќе го знаеме, доловено им е во самото име што го носат.

Друга причина е лидерството во државата, овде работните позиции и личностите што донесуваат одлуки се секојпат пополнети со најбистрите и најталентираните кандидати, а не личности со врски.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-17.JPG

Би сакал ли да си дочекаш пензија таму?

Па искрено не сум размислувал на тоа, зависи каде ќе ми е фамилијата. Никој не би сакал да биде сам во доцните години.

Но, ако би бирал повеќе би сакал да се пензионирам во некое тропско место, блиску до вода, можеби Охрид или некаде во Егејскиот дел од Македонија.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-18.JPG

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-14.JPEG

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-10.jpeg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“ „Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред изле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg