„Во Црвената пустина, во областа Ерг Чеби доживеав прекрасно зајдисонце и изгрејсонце. Ноќевавме во пустински камп, имавме забава со берберска музика. Во Аит Бен Хадоу, локалитетот каде се снимени ‘Гладијатор’ и ‘Игра на тронови’, се подготвуваше арената за снимањето на ‘Гладијатор 2’. На патот кон Фез, преспавме во Миделт - тука се отвора едно сосема понакво Мароко - нема веќе пустина, песок и карпи, туку зеленило“, вели Ирена Силјаноска, која неодамна помина 15 дена во оваа африканска земја и сè уште не може да ги собере сите впечатоци и неверојатни доживувања.