Теона Манго: „Законите во Саудиска Арабија се сменети и жените се третирани како кралици, се чувствував безбедно таму“

„Последните 10 години дефинитивно има голема промена на начинот на живот на жените од Саудиска Арабија. Во 2012 им се дозволи на жените да смејат да работат без дозвола од новиот сопруг/татко, а во 2018 се укина законот со кој им се забрануваше на жените да возат“, раскажува Теона Манго од Битола.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 22

Теона Манго е блогерка од Битола, која досега има живеено во различни земји во светот. Постојано открива нови и интересни дестинации, а на својот Инстаграм профил раскажува за секое место поединечно.

Нејзиното последно патување беше во Саудиска Арабија, а ние во продолжение ќе имаме можност да дознаеме за уникатното искуство и убавините што има се познати на мал број луѓе.

Теона Манго споделува детали за Саудиска Арабија за CRNOBELO.com:

Теона, неодамна се врати од една интересна и необична дестинација... Зошто се одлучи да ја посетиш Саудиска Арабија?

Уште кога ја прочитав веста во 2019 дека Саудиска Арабија за првпат од нејзиното постоење се отвoра за туризам, си реков себеси дека морам да ја посетам во скоро време пред да биде преплавена од туристи.

Минатата година мојата пријателка и травел инфлуенсерка од Србија, Јована Квржиќ, ја посети Саудиска Арабија и јас се заљубив кога ја видов АлУла. Па, така АлУла, а и Саудиска Арабија се најдоа на мојата листа на места кои сакам да ги посетам оваа година.

BeFunky-collage_copy_copy_copy.jpg

Како се одвиваше маршрутата на целото патување?

Директен лет од Софија за Ријад, 5 дена поминати во Ријад, лет до АлУла, 3 дена во АлУЛа, па назад за Софија.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 2

Каков беше процесот на вадење виза?

За среќа, немав потреба да вадам виза во амбасада (најблиската амбасада за државјани на Македонија е во Сараево), исполнував услови да извадам виза на аеродром при самото пристигнување.

На аеродром целиот процес не траеше повеќе од 10 минути, само го дадов мојот пасош, ме сликаа и ми ги зедоа отисоците од прсти, плаќаш на самото место 160$ за виза и здравствено осигурување и тоа е тоа.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 1

За Саудиска Арабија кружат секакви застарени и негативни информации. На какви невистини постојано беше изложена пред лично да ја посетиш оваа земја?

Кога им кажував на пријатели дека ќе одам за Саудиска Арабија, првите коментари беа „Што бараш таму? Тоа е пустина нема ништо“, „Зошто би сакала да посетиш држава која до пред неколку години каменувала луѓе“, „Како ќе ја посетиш Саудиска Арабија, ти си жена.“ и ред други загрижувачки прашања.

А тука се секако беа и негативните информации дека нема ништо убаво да се види, луѓето се некултурни, не е безбедно за жени…

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 6

Ријад – родното место на Саудиска Арабија со богатства скриени во палатите, како и многу можности за шопинг, забава и бизнис. Како го доживеа Ријад по пристигнувањето?

Ријад е огромен град, во него живеат скоро 8 милиони луѓе, што го прави трет најголем град по број на жители на Блискиот Исток, после Каиро и Техеран.

Првите впечатоци ми беа огромен сообраќаен метеж, манијакално возење (семафор речиси и да не постои, а пуштање на трепкач при вртење е измислена именка), огромни булевари, голем број на американски синџири за брза храна, молови на секој чекор, продавници, облакодери и многу градби во процес на изградба.

Се разбира, во текот на петте дена имав можност да го искусам Ријад подобро и да ги видам и старите и историски делови на Ријад, како што се Масмак тврдината, Дирјах, традиционален пазар (souq), но и поновите делови како Kingdom Center Tower и Riyadh Boulevard.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 3

Со какви искуства и доживувања замина од Ријад?

Искрено, патувањето и не почна баш добро, хотелот кој го имав букирано уште од Македонија беше со рејтинг од 4 ѕвезди, а кога стигнав таму видов дека всушност за западни стандарди спаѓа во категорија мотел.

Хигиената на многу места во Саудиска Арабија е на ниско ниво.

Среќа, па во хотелот беа фини и ми ги вратија парите, па останав да спијам само првата вечер пред да се префрлам во добар хотел. Ријад има еден интересен спој на историја и модерна архитектура, модерниот дел е дефинитивно инспириран од Западот, особено САД.

Луѓето се многу љубезни, културни, гостопримливи и пресреќни што гледаат туристи (често бевме застанувани за фотографии). Се вложува премногу во привлекување на странци и за туризам, но и за работа.

После петте дена би рекла дека Ријад е град кој се развива со брзина на светлината, мислам дека во наредните неколку години ќе биде целосно променет во поглед на инфраструктура, бизнис, забава и туризам и за скоро ќе стане центар на Блискиот Исток.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 20

Успеа да ја посетиш и карпата Edge of the World, која се наоѓа на 100 километри од Ријад. Каква воодушевувачка глетка те пречека на врвот?

Edge of the World е дефинитивно еден од моите highlights од ова патување.

После двочасовно возење низ пустина по рута, која ја нема ни на Google Maps здогледувате пејзаж како да сте на друга планета. Високи карпи и простран поглед кон пустина каде што нема ништо освен по некое исушено дрво.

Нереално колку добро изгледаше, она што на повеќепати го повторив во текот на патувањето беше дека многу ми е мило што нема воопшто туристи и сите овие места можеш да ги изуживаш буквално сам, без метеж.

Зајдисонцето беше нешто посебно, сонцето се спушта во пустината, карпите ги менуваат своите бои и е навистина магично.

teona mango litar voda vo saudiska arabija e posako od litar nafta a za vreme na patuvanjet se cuvstvuvav navisina bezbedno 13

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg