Александар Василевски, наш јутјубер во Малта: „Си купив стан, а мажите локалци и до 35-тата година живеат со родителите“

„Локалците во типичните малтешки села имаат навика да испечат локален колач и да ве повикаат на колач и кафе или подготвуваат домашна пица и ве повикуваат да играте „Бинго“ или „Не лути се човече“. Богатите Малтежани од централниот дел ве повикуваат на порачана храна во нивниот пентхаус или викаат готвач да направи скара за сите, а еднаш месечно прават шопинг патување во Италија и Сицилија“, раскажува Александар Василевски од Скопје за CRNOBELO.com, на кој Малта веќе 8 години му е дом.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-01.jpg

Александар Василевски од Скопје откако дипломирал економија на Европскиот универзитет во 2011, заминал во Дубаи за да го усоврши англискиот јазик и да добие интернационално искуство во областа на маркетингот.

По 4 години во Дубаи, одлучил да го продолжи својот авантуристички живот во островска земја.

Првенствено тоа требало да биде на Малдиви, но по длабоко истражување сфатил дека тие острови нема да ги задоволат неговите критериуми во целост и тука се родила идејата за живот во Малта.

Сега вели дека ја обожава оваа островска држава со големина на неговиот роден град Скопје.

Во интервју за CRNOBELO.com тој споделува како му изгледа животот таму:

Работиш како јутјубер на Малта? Дали се издржуваш само од тоа или имаш и друга професија?

Работата како јутјубер на Малта се роди многу спонтано во времето на пандемијата.

Изградив канал каде што ја претставувам Малта за туристите во еден дел и Малта за луѓе кои се дојдени да живеат таму во друг дел.

Каналот е монетизиран, иако има повеќе од 3 милиони прегледи сè уште е во развој. Од Јутјуб би можел да живеам прилично нормален живот на Малта, но мојата примарна професија е фронт офис менаџер во хотел, каде што работам веќе осма година.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-08.jpg

Ти пречат ли некогаш туристите во секојдневното функционирање?

Туристите не ми пречат во секојдневното функционирање, напротив ја користам секоја можност да научам нешто од туристите кои доаѓаат од секаде.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-12.jpg

Долови ни ја атмосферата за живот таму... Што оттаму би си посакале во Македонија?

За Малта кажувам дека има некоја посебна позитивна енергија, повеќе од 300 денови во годината се сончеви и топли, тука нема снег.

Локалците се позитивни, насмеани, но и многу гласни, туристите се сите насмеани и среќни, можеби затоа што во ноември и декември се по кратки ракави на плажа, а доаѓаат од држави со температури под нула.

Малта е остров од жолт камен, па на времето сите локалци ги граделе своите куќи од истиот камен и сега Малта е претежно жолта, со многу палми и кактуси во зелена боја, небо и море во сина боја. Комбинацијата од овие 3 бои буквално ја прави Малта да изгледа како од сликовница.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-02.jpg

Кој ти е најдобар начин за забава таму? Имаш ли локалци пријатели?

Најдобар начин за забава се баровите каде по работа се минуваат неколку часа со колеги, и исто така ден поминат во еден од клубовите со базен. Јас не сум по ноќниот живот, ниту ноќна птица.

На Малта имам повеќе локалци за пријатели, отколку Македонци.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-03.jpg

Има ли разлика во цените во туристичките места и местата на локалците? 

Има разлика, на пример пица капричиоза во туристичкиот дел на Малта е од 9 до 13 евра во зависност од ресторанот, а во периферниот дел истата пица е 6.50 евра.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-11.jpg

Какво темпо на живот водат локалците? Имаат ли интересни навики во секојдневието? 

Локалците се многу кул народ, повеќето сакаат да работат скратено работно време во администрација за да имаат повеќе време за шетање.

Интересно е да се знае дека голем број од мажите на Малта остануваат да живеат со нивните родители и после 35-тата година. Најчесто локалците во текот на летото се собираат на ниви или плажи и прават скара.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-14.jpg

Некоја цена оттаму за кафе/пиво...

Капучино е 1.95 евра почетна цена во кафулиња/ресторани, пиво од 2.50 евра, па нагоре.

aleks-vasilevski-nash-jutjuber-vo-malta-si-kupiv-stan-a-mazhite-lokalci-i-do-35-tata-godina-zhiveat-so-roditelite-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Вера Радески за преселбата во Чикаго: „Првата година е хаотична, ве мачи носталгијата, се колебате д... „Првата година по преселбата е страшно хаотична. Тоа е период во кој навистина н...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Маријана живее во Прага: „Чешките парови страсно се бакнуваат среде улица, има многу Македонци - од ... „Љубовта тука се изразува во метро, во трамвај, во автобус, на улица, на културе...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Марко Марк го посети Њујорк: „Градот е спектакуларен, овошјето има вештачки вкус, билет за Бродвеј е... „Како што чекорев низ Централ парк, препознавав локации од Home Alone, а видов и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg