Валентина Николовска за Малезија и Борнео: „Се дружев со домородно племе, пливав во река каде живеат крокодили“

„Љубезноста која ја поседуваат денес племенските припадници, не сум сигурна дали е истата од пред повеќе од еден век, кога биле познати како „head hunters“ (ловци на глави). Како доказ на тоа се и трите човечки глави, како наследство на своите поколенија од нивните предци кои сè уште висат на плафонот на куќата, каде што бевме сместени. Нивните поколенија ги имаат гените од своите предци“, раскажува Валентина Николовска за CRNOBELO.com.

valentina-nikolovska-za-malezija-i-borneo-se-druzhev-so-domorodno-pleme-plivav-vo-reka-kade-zhiveat-krokodili-01.jpg

Валентина Николовска е девојка која имав можност да ја запознаам минатата година на нашето заедничко патување во Мексико, личност која е полна со енергија, авантуристички и ведар дух, посветена на својата работа, како менаџер за комерцијализација.

Но, кога станува збор за патувања на далечни дестинации, секогаш се труди да пронајде нешто поразлично и интересно.

Последното патување ја однесе на Истокот и таа ги посети Малезија и Борнео.

Валентина ги споделува своите искуства за CRNOBELO.com:

Валентина зошто се одлучи за експедицијата Малезија и Борнео?

Јас сум голем љубител на патувањa, особено кога станува збор за далечни и необични дестинации.

Овојпат изборот беше навистина едноставен. Бидејќи моето претходно патување ме однесе на карипскиот архипелаг, сега барав дестинација на Истокот која сè уште ја немав искусено.

Светот нуди преубави дестинации кои во еден животен рок никој од нас не поседува доволно време да ги посети. Започнувајќи од нашата преубава родна земја, па се разбира и до најдалечните краишта за кои не сме ни сонувале дека ќе ги истражиме.

Среќна сум што ја имам таа можност да патувам и да запознавам различни луѓе, култури, обичаи, да ја вкусам традиционалната храна и најважно, да стекнам и научам нови и различни работи.

valentina nikolovska za patuvanjet vo malezija i borneo kuala lumpur me ostavi bez zdiv prestojuvavme kaj domorodno pleme i bevme vo centar za orangutani i najmali mecki vo svetot 17

Како изгледаше маршрутата на патувањето од 14 дена?

Првата дестинација на малезиска територија беше Куала Лумпур, каде што се задржавме два дена, сè со цел да ги посетиме највпечатливите локации во градот како највисоките Петронас кули близначки во свет и посета на палатата на сегашниот крал и владетел на Малезија, познатиот храм на хиндусите „Batu Caves“ со своите препознатливи разнобојни 272 скали итн.

valentina nikolovska za patuvanjet vo malezija i borneo kuala lumpur me ostavi bez zdiv prestojuvavme kaj domorodno pleme i bevme vo centar za orangutani i najmali mecki vo svetot 22

Веќе следниот ден се упативме во малезискиот дел на Борнео, во главниот град Сандакан на сојузната држава Сабах.

Борнео, како трет најголем остров во светот е поделен меѓу државите Малезија, Индонезија и малата држава Брунеј. Во малезискиот дел спаѓаат двете сојузни држави Саравак и Сабах, при што ја имав можноста да ги посетам и двете.

При пристигнувањето во Сандакан, се сместивме во ресортот Сепилок во срцето на џунглата. Во попладневните часови имавме прошетка низ џунглата, дом на многу различен, уникатен и несекојдневен растителен и животински свет.

BeFunky collage 5 copy

Следниот ден авантурата продолжи со посета на центарот за орангутани и најмалите мечки на светот – sun bear.

Sun Bear, кои, поради својот V – златен белег на градите, нè разгалија со својата вештина на качување во џунглата, но не можам, а да не ги споменам палавштините на макаки мајмуните, како и за мене најкул мајмуните – орангутаните. Тие воопшто не се грижат за ништо и едноставно прават што сакаат.

valentina nikolovska za patuvanjet vo malezija i borneo kuala lumpur me ostavi bez zdiv prestojuvavme kaj domorodno pleme i bevme vo centar za orangutani i najmali mecki vo svetot 24

Патувањето продолжи до крајбрежјето на реката Кинабатанган, позната по својот воден свет и дом на единствениот тип на мајмуни со најголем нос (Proboskis-Nasalus Larvatus).

Ресортот кој беше сместен до самото крајбрежје на реката има уникатен поглед. Реката Кинабатанган која доминира со својата убавина и големина, толку прекрасна, а толку опасна, е дом меѓу другото и на крокодили.

На оваа локација останавме неколку денови, имавме ноќна прошетка низ џунглата, неколку крстарења на реката. Климата идеална, топла 28-32 степени со своите 80 проценти влага, воопшто немате потреба да се трудите да ги исушите алиштата или понесената облека во куферите.

BeFunky collage 4 copy

Патот нè однесе во градот Кота Кинабалу, каде што дел од нас ги почувствуваа благодатите на малезиската СПА и масажа. Потоа се упативме на Јужното кинеско море, каде што уживавме во топлата солена вода и водените спортови.

Доколку читателите се љубители на топла вода, ама мислам на 25-26 степени топла вода, тогаш ова море е за нив.

Кинабалу планината беше следната дестинација, позната по својот национален парк и богатиот биодиверзитет и како највисока планина на Борнео (4.095 мнв.), е уникатна по својата природа, дом на најголемиот цвет во светот и е популарна дестинација за љубителите на планинарење и спортски активности.

valentina nikolovska za patuvanjet vo malezija i borneo kuala lumpur me ostavi bez zdiv prestojuvavme kaj domorodno pleme i bevme vo centar za orangutani i najmali mecki vo svetot 2

По напуштањето на Кинабалу и Сабах, се упативме во втората сојузна држава на Малезија, сместена на Борнео - Саравак, поточно, патот нè однесе длабоко во џунглите на Саравак во домот на домородното племе Ибан.

Патот до нивниот дом беше рафтинг од еден час, по немирните води на реката Леманак. Со Ибан – „head hunters“ (ловци на глави) племето се дружевме речиси три дена.

Се запознавме со нивната традиција, обичаи, начин на живот, техники на ловење, храна, несебичност, искреност, љубезност и благодарност.

valentina nikolovska za patuvanjet vo malezija i borneo kuala lumpur me ostavi bez zdiv prestojuvavme kaj domorodno pleme i bevme vo centar za orangutani i najmali mecki vo svetot 26

Нè почестија со пикник и традиционално приготвување на храната и караоке на Ибан-ски начин. Начинот на кој комуницираа со нас, колку беа љубезни и колку се трудеа да ни обезбедат сè што ни е потребно, беше фантастичен, иако се наоѓавме среде џунгла.

Интересен е и фактот што живеат во „long houses“ заедница повеќе од 14 до 20 семејства заедно, каде што главниот збор го има поглавицата.

По напуштањето на Ибан заедницата се упативме во Кучинг или градот на мачките. Градот изобилува со фигури на мачки во модерен и класичен стил.

valentina nikolovska za patuvanjet vo malezija i borneo kuala lumpur me ostavi bez zdiv prestojuvavme kaj domorodno pleme i bevme vo centar za orangutani i najmali mecki vo svetot 16

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg