Бранко Попоски патуваше низ Португалија: „Ме воодушеви Синтра, не смеете да пропуштите возење со жолтиот трамвај во Лисабон“

„Албуфеира, за мене, беше бисерот на југот. Многу ме потсети на наш Охрид и Варош. Имаше некоја посебна енергија. А градската плажа во Албуфеира е прекрасна“, вели Бранко Попоски за своето 10-дневно патување во Лисабон и јужниот дел на Португалија.

branko-popovski-na-patuvanje-niz-portugalija-me-voodushevi-sintra-ne-smeete-da-propushtite-vozenje-so-zholtiot-tramvaj-vo-lisabon-01.jpg

Бранко Попоски, кој на Инстаграм е познат како Cooking With Branko, и кој со своите следбеници секојдневно споделува рецепти и совети за готвење, неодамна се врати од летувањето во Португалија. 

Државата, која ја посетил уште еднаш претходно, ја опишува како рај на земјата и место на кое би сакал да се враќа често, бидејќи не постои нешто што не му се допаднало или му оставило лош впечаток.

Вели, 10 дена, колку што бил со своето друштво, се премалку за вистински да се доживее, а сепак доволно за да се почувствува шармот на оваа уникатна земја.

За своето патување, од кое е и понатаму под импресии, Бранко раскажа за CRNOBELO.com:

Сè започна од еден reel на Инстаграм - шаренило од бои, плочки и приказни на сите страни. Португалија беше изборот за летен одмор уште од декември минатата година - топла земја, гостопримлив народ, насмеани луѓе, убава енергија во секоја уличка и ќоше.

По неколку месеци планирање, ова лето поминав 10 дена со пријателите во Португалија, иако тоа е малку време за посетата на оваа убавина од земја, но доволно за да си заминеш со убави спомени, кои се надевам, ќе траат уште долго.

Португалија е љубов на прв поглед. Покрај готвењето кое е моја пасија, патувањето и откривањето нови земји и градови, е мојата втора љубов.

branko-popovski-na-patuvanje-niz-portugalija-me-voodushevi-sintra-ne-smeete-da-propushtite-vozenje-so-zholtiot-tramvaj-vo-lisabon-02.jpg

branko-popovski-na-patuvanje-niz-portugalija-me-voodushevi-sintra-ne-smeete-da-propushtite-vozenje-so-zholtiot-tramvaj-vo-lisabon-07.jpg

Сакам да патувам, сакам да истражувам и спознавам нови култури, народи, да се инспирирам и да си ја отворам душата за промени.

Со секое патување се откриваш себеси. Исто е како со храната и вкусовите. Колку повеќе пробуваш нови вкусови, толку повеќе ја цениш различноста.

Португалија мора да влезе на вашата листа земји кои треба да ги посетите барем еднаш во животот.

branko-popovski-na-patuvanje-niz-portugalija-me-voodushevi-sintra-ne-smeete-da-propushtite-vozenje-so-zholtiot-tramvaj-vo-lisabon-03.jpg

branko-popovski-na-patuvanje-niz-portugalija-me-voodushevi-sintra-ne-smeete-da-propushtite-vozenje-so-zholtiot-tramvaj-vo-lisabon-04.jpg

Во продолжение ќе ви раскажам зошто, но и за сите убави работи што ги видов и доживеав таму:

Како започна нашето патување?

Заедно со моите пријатели, со кои бев на ова патување, најпрво направивме план, што да посетиме и како да го започнеме нашето патување.

Дилемата беше дали да тргнеме од југот на Португалија, па да движиме нагоре северно кон Лисабон, а потоа да го завршиме патувањето во Порто, или да стигнеме во Лисабон, па да одиме до југ и да се вратиме назад во Лисабон.

Подобра и поекономична опција беше втората. Решивме Порто да го оставиме за некое наредно патување, да имаме причина да се вратиме, за повторно да уживаме во португалските вина и зајдисонца.

Бидејќи Македонија не е директно поврзана со авионски лет до Португалија, најприфатливо ни беше да тргнеме од Белград.

Летот траеше околу 4 часа, а аеродромот на кој слетавме во Лисабон (Humberto Delgado Airport) беше на само 10 километри од нашето сместување.

branko-popovski-na-patuvanje-niz-portugalija-me-voodushevi-sintra-ne-smeete-da-propushtite-vozenje-so-zholtiot-tramvaj-vo-lisabon-03_1_copy.jpg

branko-popovski-na-patuvanje-niz-portugalija-me-voodushevi-sintra-ne-smeete-da-propushtite-vozenje-so-zholtiot-tramvaj-vo-lisabon-02_1.jpg

Бевме сместени во еден од најубавите делови на градот, наречен Алфама. Тоа беше место со многу тесни улички, cosy кафе барови, ресторани и лаунџ барови од каде се ширеше мирисот на морска храна и тазе печени колачи Pastéis de Nata.

Интересно е тоа што во овој дел на Лисабон има дури 13 точки, таканаречени мирадури, од каде што има преубав поглед на целиот град, Атлантскиот Океан и делови околу Лисабон.

Шарените плочки познати како „азулејо“ се карактеристика на градот и се значаен дел од португалската култура и историја. Тие се идентитетот на градот.

branko-popovski-na-patuvanje-niz-portugalija-me-voodushevi-sintra-ne-smeete-da-propushtite-vozenje-so-zholtiot-tramvaj-vo-lisabon-03_2.jpg

branko-popovski-na-patuvanje-niz-portugalija-me-voodushevi-sintra-ne-smeete-da-propushtite-vozenje-so-zholtiot-tramvaj-vo-lisabon-02_2.jpg

Како што ги гледавме додека се движевме низ Лисабон, секоја од нив како да раскажуваше своја приказна, криеше некоја историја, насмевки, солзи, сонца и бури. А Лисабон е бура на емоции - од aнтиката па сè до 21-иот век.

На патувањето ги посетивме сите мирадури кои се наоѓаа во Алмафа.

Јас емотивно се поврзав со Miradouro da Senhora do Monte - го има најубавото зајдисонце на градот, поглед кон замокот Castelo de São Jorge и од оваа точка најубаво се гледаат слетувањата на авионите на аеродромот Humberto Delgado.

Ова место ја крие и преубавата градина Jardim da Cerca da Graça. Тука има ресторан каде служат превкусна португалска храна и вино.

Кафињата во Португалија скоро секаде, без разлика дали се наоѓаш во центарот на градот, на најзападната точка од Лисабон или долу на југ, се од 1 до 1,3 евра.

branko-popovski-na-patuvanje-niz-portugalija-me-voodushevi-sintra-ne-smeete-da-propushtite-vozenje-so-zholtiot-tramvaj-vo-lisabon-03_3.jpg

branko-popovski-na-patuvanje-niz-portugalija-me-voodushevi-sintra-ne-smeete-da-propushtite-vozenje-so-zholtiot-tramvaj-vo-lisabon-02_3.jpg

Што не смеете да пропуштите во Лисабон?

Најпрво, тоа е возењето со историскиот трамвај број 28 кој постои од 1914 година и е белег на градот.

Овој трамвај води до најисториските и најживописни населби во Лисабон како што се Граса, Алфама, Баикса и Естрела.

Оваа рута ве носи до највисоките мирадури на градот, па ќе ги избегнете качувањата пеш нагоре до лисабонската катедрала, замокот и многу други прекрасни места.

Возењето со овој трамвај е посебно искуство и доживување, како патување низ времето.

branko-popovski-na-patuvanje-niz-portugalija-me-voodushevi-sintra-ne-smeete-da-propushtite-vozenje-so-zholtiot-tramvaj-vo-lisabon-03_4.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg