Загорка и Мартин - семејство од Скопје кое секоја година со децата кампува во Грција: „Камперскиот живот е рај за нас“

„Се вљубив во камперскиот живот благодарение на мојот сопруг Мартин кога првпат дојдовме во кампот Есперидес во соседна Грција, каде тој и неговото семејство кампуваат повеќе од 30 години. Точно е дека кампувањето бара подобра организација од класично сместување, но благодатите кои ги нуди, особено за децата, се неспоредливи“, вели Загорка Видоевска (38) од Скопје за CRNOBELO.com.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-01.jpg

Загорка Видоевска (38) од Скопје, м-р по менаџирање на стратегиски комуникации е во брак е со Мартин Видоевски од Скопје (37), м-р по човечки ресурси, кој работи како фитнес тренер повеќе од една деценија. И двајцата се вљубеници во камперскиот живот.

Парот има две деца и велат дека сите едвај чекаат лето за да заминат во Грција, на местото каде кампуваат со години.

Загорка за CRNOBELO.com споделува детали за камперскиот начин на живот:

„Се вљубив во камперскиот живот благодарение на мојот сопруг Мартин кога првпат дојдовме во кампот Есперидес во соседна Грција, каде тој и неговото семејство кампуваат повеќе од 30 години. 

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-28.jpeg

Кампувањето е вистинскиот избор за сите оние кои негуваат авантуристички дух, се дружељубиви и сакаат да бидат на плажа 24/7.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-12.jpeg

Точно е дека кампувањето бара подобра организација од класично сместување, но благодатите кои ги нуди, особено за децата, се неспоредливи.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-05.jpeg

Конкретно за овој камп можам да кажам дека условите се извонредни, од аспект на хигиена, клима, местоположба и плажа. Истиот целосно е урбанизиран, а во близина имате сè што ви е потребно за да уживате во безбеден и безгрижен одмор, дури и кога сте со мали деца и новороденчиња.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-26.jpeg

Од Скопје се патува околу 3 часа, патот е и повеќе од одличен и ретко наидуваме на сообраќаен застој, не сметајќи ги границите.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-16.jpeg

Камперските денови ни започнуваат со кафе и појадок за нас и децата, кој го подготвуваме во нашата мини кујна во камп приколката и морам да нагласам дека сме супер организирани со сопругот за да ги завршиме сите обврски со брзина на светлината, бидејќи секако Кира и Јаков со нетрпение очекуваат да одат на плажа.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-09.jpeg

Предноста кога престојувате во овој камп е дека веќе сте на самиот брег, па децата, како и возрасните, тука цел ден го поминуваат само во костим за капење.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-10.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg