Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат повеќе пари“

„Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано наутро да одите на јога и да јадете здрава храна, да го поминете денот на плажа опкружени со палми и густа џунгла, а вечерта да одите на забава и да се журкате до 8 наутро. И, дефинитивно не е само за млади, додека бев јас имаше и доста повозрасни луѓе кои си поминуваа исто толку добро, ако не и подобро од младите“, раскажува Теона Манго за нејзиното патување во Мексико.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 7

За Теона Манго 2024 година започна во Мексико. По многу посетени светски дестинации и раскажани приказни, сега ќе имаме можност да дознаеме за патешествието на Теона Манго на Јукатанскиот Полуостров.

Во продолжение следува разговор со Теона која ја пренесува својата мексиканска авантура со читателите на CRNOBELO.com:

Покрај толку многу светски дестинации, зошто се одлучи за Мексико?

Мексико и Тулум веќе подолго време ми беа на мојот патувачки „bucket list“, а со тоа што Тулум е на само 4 часа лет од Њујорк, одлучив оваа Нова година да ја поминам токму таму.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 5

Како течеа подготовките пред патувањето?

Немаше некои специјални подготовки, патувањето беше малку „last minute“. Така што авионски карти, сместување и најмување автомобил се резервираа во неколку дена.

Бидејќи самостојно го организирав патувањето, потрошив неколку дена во истражување и правење на листа на што сè треба да се посети и види на Јукатанскиот Полуостров и врз база на тоа направив некој план за кој ден што ќе се посетува.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 4

Каде сè престојувавте во Мексико?

Целото патување бев сместена во Тулум, а од таму направив неколку еднодневни екскурзии во регионот.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 1

Какво место е Тулум преку ден, а што се случува кога ќе зајде сонцето?

Тулум е место кое има посебен шарм и енергија, и тоа е тоа што го прави толку специјално. Самото место е буквално рај - од една страна имате густа џунгла, а од другата страна километри бел песок и тиркизна боја на вода.

Има илјадници видови флора и фауна коишто се уникатни за овој регион.

Во јануари Тулум е место каде што има забава 24/7 (буквално). Денски на баровите на плажа имате денски забави, добра музика, коктели, органска и здрава храна, сончање, можност за правење јога на плажа и што уште не.

А, навечер заслужено го има добиено епитетот за најдобри журки. Истите барови на плажа навечер имаат друга програма, а исто така се случуваат светски познатите фестивали како Papaya Playa Project и ZAMNA каде што светски познати диџеи пуштаат музика до утро.

Пример кога бев сега, Solomun пушташе музика од полноќ до 9 часот наутро.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 16

Велат дека Тулум е едно од најдобрите места за млади во светот - зошто?

Мислам дека Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Она што мене најмногу ми се допадна е што е место каде што можете рано наутро да одите на јога и потоа да јадете органска и здрава храна, да го поминете денот на нереално убава плажа опкружени со палми и густа џунгла, а вечерта да одите на забава каде што пуштаат музика светски познати диџеи и да се журкате до 8 наутро.

Мислам дека овој спој е она што го прави ова место толку уникатно и тоа е причината да е посетено толку многу. И, дефинитивно не е само за млади, додека бев јас имаше и доста повозрасни луѓе кои си поминуваа исто толку добро, ако не и подобро од младите.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 15

За целосно доживување на Тулум, што сè мора да се посети, проба, искуси…?

На прво место се журките и баровите на плажа, дефинитивно треба да одите барем на една журка, дури и ако не сте некој голем обожавател на техно-музика (како мене хаха). Да поминете ден на некој од баровите на плажа, сите се толку уникатно уреди и дизајнирани.

Следно се сенотите, во близина на Тулум има многу сеноти - од големи сеноти коишто привлекуваат стотици туристи дневно како Gran Cenote, до мали приватни сеноти на кои ќе бидете буквално сами.

Остатоците од мајанските градби, иако руините во Тулум не се споредуваат со тие на Чичен Ица и Коба, сепак е добро да се посетат, особено ако немате време да одите до Чичен Ица или Коба.

И, за крај, самиот град Тулум за вистинско „street food“ искуство. Во градот најверојатно ќе ги пробате најдобрите такоси кои нема да се повеќе од 2 долари по парче, домашна хорчата и свежо направено гвакамоле.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 8

Сенотите се и ден денес се мистерија – Маите верувале дека тоа се портали за подземјето и место каде принесувале жртви. Какво е чувството да се капеш во нив?

Сенотите се нешто што стварно мора да се види и доживее додека сте во овој дел на Мексико. Освен како природен феномен, целата историја зад нив е многу интересна.

Секоја сенота е толку различна, а мене дефинитивно фаворит ми беа сенотите што се во пештера како Suytun и Xkeken.

Водата во сенотите е слатка но има некоја чудна текстура, водата делува како да е „потешка“ и „полеплива“ ако ова има смисла (хаха). Водата е толку чиста, што во сенотите има голем број на риби дури и водни желки.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 14

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теона Манго за посетата на Кавказот: „Пејзажите во Грузија се без конкуренција, а во Азербејџан има ... „Мораше да се направи добра логистика бидејќи Ерменија и Азербејџан се во конфли...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg