Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат повеќе пари“

Чичен Ица е сон за сите патувачи и авантуристи. Какви беа твоите доживувања од ова светско чудо?

Чичен Ица ми беше прво на списокот од места кои морам да ги посетам во Мексико и морам да признаам дека очекувањата ми беа надминати.

Бев запрепастена од тоа колку добро архитектонски се изградени пирамидите, акустиката, поврзаноста на архитектурата со астрономијата, и воедно колку добро е сè сочувано денес.

Беше навистина волшебно да се чекори на истото место каде што пред илјадници години живееле Маите…

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 20

Што имаш да споделиш за Плаја дел Кармен, Козумел и Ваљадолид…?

Мислам дека од сите овие, Ваљадолид ми беше фаворит, некако од сите 3 места успеале да го задржат да остане автентичен мексикански град, со шарена архитектура, локални продавнички и ресторанчиња кои имаат само едно јадење на денот.

Лично Плаја дел Кармен и Козумел ми беа премногу американизирани и наменети за туристите што застануваат тука со бродовите за крстарење. Од ланци на ресторани, до ресорти, аквапаркови и зоолошки за играње со делфини.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 12

Како ги доживеа локалците? Каква беше комуникацијата со нив?

Локалците беа многу фини и гостопримливи (иако имаше и такви што сакаат да те излажат и да ти земат повеќе пари).

Мислам дека Мексиканците се многу питом и топол народ, искрено очекував дека ќе ги мразат туристите, но бев многу пријатно изненадена од тоа колку се гостопримливи и услужливи.

Англиски зборуваат малку, така што доколку знаете шпански е огромен плус и олеснителна околност, особено за преговарање околу цена.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 13

Што имаш да кажеш за мексиканската храна?

Не знам дали фактот што доаѓав од САД каде што храната генерално, особено овошјето и зеленчукот, нема никаков вкус, но сетилата за вкус во устата ми експлодираа од тоа колку вкус имаше буквално сè.

Сè беше толку вкусно подготвено и свежо. Најмногу се радував на уличната храна која нè само што беше евтина туку беше и превкусна. Сè што јадев, од севиче, до бурита, до такоси беше феноменално.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 17

Што најмногу ти остана при срце, а што ти пречеше од патувањето во Мексико?

Најмногу би рекла природата и храната, поради овие две работи би се вратила Мексико уште барем три-четирипати.

А, не ми се допаѓаше тенденцијата на локалците да те излажат и да ти земат повеќе пари, особено во местата каде што има најмногу американски туристи како Канкун, Козумел и Плаја дел Кармен.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 9

Зошто секој треба да го посети Мексико барем еднаш во животот?

Мислам дека е дестинација која вреди да се посети од аспект на знаменитости, историја и природа. Има многу што да се види и искуси.

Од древни цивилизации, до прекрасна природа и природни феномени како сеноти, до светски добри забави и одлична храна.

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 2

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 19

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 18

teona mango tulum e kako raj cicen ica gi nadmina moite ocekuvanja a lokalcite se pretezno fini i gostoprimlivi 3

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Теона Манго за посетата на Кавказот: „Пејзажите во Грузија се без конкуренција, а во Азербејџан има ... „Мораше да се направи добра логистика бидејќи Ерменија и Азербејџан се во конфли...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg