Петар Андоновски: „Индија не е за туристи, туку за луѓе кои сакаат духовност и авантура - мајмуните и нередот се секојдневие“

„Патувањето по Хималаите не само што беше мевлем за очите, туку и за белите дробови, по Делхи и Џајпур кои се ужасно загадени градови. Во Индија го видов и најчудниот погреб досега. Откако го положија мртовецот го запалија. Никој од присутните од семејството не плачеше, сите стоеја и гледа во телото кое гори. Кога телото целосно изгоре пепелта ја собраа и ја фрлија во реката Ганг“, споделува Петар Андоновски за CRNOBELO.com, кој вели дека Индија комплетно го трансформирала како личност.

BeFunky collage 1

Петар Андоновски од Куманово е писател, добитник на Европска награда за литературата за романот „Страв од варвари“, а неговата пасија за патување постојано го води до нови и непознати места.

По многу посетени европски дестинации, добил желба да ја посети и Индија, земја на контрасти, која истовремено знае да биде нежна и брутална.

Петар Андоновски за CRNOBELO.com раскажува за неговото патување низ Индија, кое целосно го изместило од комфорната зона во која живеел:

Петар во последните неколку години постојано патуваш, но зошто од толку многу дестинации во светот ја одбра токму Индија?

Долги години ми беше предизвик, но посакував да ми се случи во некој посебен/пресвртен период во животот. Така и се случи.

Минатата година додека со мојата пријателка Андријана седевме на една хотелска тераса во Гореме, Кападокија, Андријана почна да раскажува за нејзините патувања низ Индија.

Останавме цела ноќ покрај огнот на терасата. Таа раскажуваше, јас ја слушав. „Сакам и јас да одам“ – ѝ реков. Тогаш не ни помислив дека за една година повторно ќе ја видам Андријана и тоа на терасата на ресторанот „Еверест“ во Делхи. „Во Индија сме“ – ми рече Андријана.

Ако сте туристи во класична смисла на зборот – тогаш Индија не е за вас. Индија е за патници, за авантуристи, за луѓето кои ја сакаат духовноста. Индија е земја на контрасти, истовремено е и нежна и брутална, никогаш не знаете кога ќе ве погали по образ, а кога ќе ви залепи шлаканица.

Индија целосно ме измести од комфорната зона во која живеев.

Индија е земја на нечисти хотелски соби со ладна вода на туш (доколку работи), земја каде и луѓето и животните се еднакви, земја на скромни и добронамерни луѓе, земја во која не знаете кој ден е, кој датум, колку е часот, земја во која од слетувањето до заминувањето непрестајно се смеете.

Во Индија одите со полн куфер облека, а се враќате со полупразен, во Индија посакувате да се ослободите од сè што ви создава непотребен товар.

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 2

Како изгледаше целата маршрута која траеше скоро три седмици?

Во Индија пристигнав по два дена патување со два автобуси (Скопје – Белград – Белград – Загреб), и два авиона (Загреб – Истанбул – Истанбул – Делхи).

Во Делхи останав неколку дена, а потоа со автобус продолжив за Пушкар.

После неколку дена со воз заминав за Џајпур, во Џајпур останав три дена и со автобус продолжив за Ришикеш, а додека престојував во Ришикеш го посетив и Харидвар и неколку села на Хималаите.

Потоа продолжив за Агра и на крајот се вратив во Делхи.

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 11

Верувам дека по слетувањето во Делхи си имаш кажано во себе дека патувањето официјално започна... Кои беа твоите први впечатоци за Индија штом ја напушти пасошката контрола на аеродромот?

Кога слетавме во Делхи, аеродромот беше украсен за Дивали, најголемиот хинду фестивал. Првиот впечаток ми беше колку е кич.

Кога излеговме од аеродромот нè пречека шоферот што требаше да нè префрли до хотелот. Се пробивавме низ илјадници луѓе за да стигнеме до паркингот. Толку многу народ на ниту еден друг аеродром немам видено.

Потоа во текот на целото патување постојано се движев низ такви гужви.

Првите слики на патот до хотелот ми беа: луѓе кои живеат под импровизирани куќи од најлони, луѓе кои на отворено се бањаат или вршат нужда. И мајмуни, насекаде мајмуни.

Хотелот ми беше во една прашлива улица во близина на Пахар Ганџ, најпознатата улица во Делхи. Првиот ден го поминав во шетање на Пахар Ганџ.

На Индијците целиот живот им се одвива на улица. Сите се надвор. Додека шетате имате впечаток дека сте дел од некој филм на Мира Наир или роман на Арундати Рој.

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 15

Пушкар за многумина познат и како градот на хипиците беше втората точка од твоето патување. Како те пречека градот Пушкар тие неколку дена?

Пушкар е свет град, во средина на градот се наоѓа свето езеро. Во Пушкар бев за Дивали празникот на светлината или почетокот на индиската Нова година.

За разлика од Делхи, Пушкар е мал град. Ноќта кога се славеше Дивали луѓето се спуштаа покрај езерото и во мали садови од керамика палеа свеќички. Целиот град беше во светлина.

Во близина на Пушкар се наоѓа и пустината Тар. Со камили патувавме низ пустината сè до ромската населба од каде го гледавме зајдисонцето.

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 14

Џајпур го нарекуваат и Розовиот град, а го сметаат и за еден од најшарените градови во Индија. Какви доживувања те следеа тие неколку дена во Џајпур?

Во Џајпур стигнав третата вечер на Дивали. Целиот град беше украсен како за Нова година.

Насекаде пукаа петарди, луѓето беа весели, сите се гушкаа и си честитаа Дивали. Иако беше доцна тргнав да ја видам Палатата на ветровите ноќе.

Во една мала, тивка уличка пред една куќа седеа група Индијци и си муабетеа. Кога поминав покрај нив наеднаш сите скокна и почнаа да ме влечат на кај куќата.

Каде и да патував во Индија се чувствував безбедно, па кога почнаа да ме тегнат кон куќата не почувствував страв, туку бев збунет.

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 10

Влеговме во куќата и наеднаш слушнав како надвор пука нешто, звучеше како бомба, еден од Индијците најверојатно ја виде мојата збунетост и низ насмевка ми рече „Дивали“.

Во собата имаше многу луѓе, млади, стари, деца. Едно од децата стана и ме замоли да се сликаме, а потоа почнаа сите, па така првата вечер не успеав да ја видам Палатата на ветровите ноќе.

Во Џајпур ги видов најчудните храмови, Храмот на светата крава и Храмот на мајмуните.

Во Џајпур дури отидов и на кино. Седнавме во последен ред. Некаде на половина филм сфатив дека никој во салата не гледа во филмот, туку сите се свртени и гледаат во нас неколкуте белци.

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 4

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg