Тијана од Кавадарци, тапанарка: „Луѓето се восхитуваат кога ќе видат девојка со традиционален тапан на свадби“

„Најголема желба ми е да се запознаам и да настапувам со Тијана Дапчевиќ – мајка ми е нејзин голем обожавател и затоа го носам името по неа“, вели кавадарчанката Тијана Илова која свири на ударни инструменти, а препознатлива е по традиционалниот тапан.

tijana-od-kavadarci-tapanarka-lugjeto-se-voshituvaat-koga-kje-vidat-devojka-so-tradicionalen-tapan-na-svadbi-01.jpg

Тијана Илова од Кавадарци, која студира економија, може да се пофали со врвен талент за ударни инструменти.

Нејзината специјалност е традиционалниот македонски тапан – инструментот со кој застана на сцена со познатата група „Меморија“.

20-годишната кавадарчанка го наследила талентот од дедо ѝ, а вели кога во детството одела кај него на гости, скришно го земала неговиот тапан за да свири.

Кога нејзиниот талент бил забележан од семејството, Тијна го добила својот прв инструмент и почнала да ја гради музичката кариера.

Во разговор со CRNOBELO.com, Тијана открива повеќе детали за неа и љубовта кон музиката, но и раскажува за настапот со групата „Меморија“.

tijana-od-kavadarci-tapanarka-lugjeto-se-voshituvaat-koga-kje-vidat-devojka-so-tradicionalen-tapan-na-svadbi-03.JPG

Целото интервју во продолжение:

Од каде потекнуваат желбата и интересот за ударни инструменти и дали знаеш да свириш и на некој друг?

Желбата за ударни инструменти ја добив уште од мали години, кога го гледав мојот дедо како свири.

Свирам само на ударни инструменти, не свирам на друг инструмент, но би сакала да научам гитара, зошто да не.

Желбата и интересот ги имам од првата средба со традиционалниот тапан, кога го видов првпат.

Како мала многу го гледав ансамблот „Танец“ и обожавав македонска народна музика.

tijana-od-kavadarci-tapanarka-lugjeto-se-voshituvaat-koga-kje-vidat-devojka-so-tradicionalen-tapan-na-svadbi-11.JPG

Колку време свириш на ударни инструменти и каде научи?

Со ударни инструменти и музика, професионално се занимавам веќе 5 години. Мојот дедо е тапанар и тој свирел претходно со група.

Кога одев кај баба ми и дедо ми на гости, тајно се криев и кога бев сама го земав инструментот за да отсвирам нешто.

Не го искажував талентот пред никој, сè додека мајка ми не ме забележа како импровизирав свои ударалки направени од моливи и фломастери.

Потоа мојата баба Трајанка за изненадување ми го купи првиот тапан.

tijana-od-kavadarci-tapanarka-lugjeto-se-voshituvaat-koga-kje-vidat-devojka-so-tradicionalen-tapan-na-svadbi-13.JPG

На една домашна прослава, дедо ми ми рече: „Ајде дедо отсвири ми нешто да видам што знаеш…“ Кога ме слушна, ме застана и ми рече „повели мојот тапан е сега твој и со среќа“. И, оттогаш почна приказната.

Инструментот го изучив сама, по слух, а за некои тешкотии се консултирам со мои колеги, поискусни музичари.

tijana-od-kavadarci-tapanarka-lugjeto-se-voshituvaat-koga-kje-vidat-devojka-so-tradicionalen-tapan-na-svadbi-09.JPG

Кој ти е омилениот ударен инструмент (и зошто) и на што свириш најчесто?

Омилен ударен инструмент ми е традиционалниот тапан бидејќи е прв инструмент со кој имам настапувано и е моја таканаречена прва љубов.

Најчесто кога настапувам со бендот го користам ударниот инструмент кахон затоа што свириме акустика, а кога настапувам на свадби, свирам со тапанот и кога има побарувачка свирам и со тапаните.

tijana-od-kavadarci-tapanarka-lugjeto-se-voshituvaat-koga-kje-vidat-devojka-so-tradicionalen-tapan-na-svadbi-16.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Меморија“ пред скопскиот концерт: „Секој што бил дел од бендот во овие 40 години, оставил свое парч... „Само 10 дена по заминувањето на Вики, сопругата на Поце, Меморија не го откажа ...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Дарко Коцев (29) е гајдаџија во Германија: „Свирам на свадби и веселби, заработката е солидна“ „Ги свирам сите македонски народни инструменти, но сепак, во Македонија сум преп...
Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg