Тијана од Кавадарци, тапанарка: „Луѓето се восхитуваат кога ќе видат девојка со традиционален тапан на свадби“

Дали имаш свирено за песна/албум на некој познат музичар?  Дали имаш свое авторско дело или планираш да снимиш песна или албум во иднина?

Засега сè уште немам свирено во песна или албум кај познат музичар

Сè уште немам свое авторско дело, но се надевам дека во иднина ќе направам и ќе снимам, а со својот бенд и моите девојки Ана и Маја имаме нешто на кое работиме и кое ќе го откриеме во иднина…

tijana-od-kavadarci-tapanarka-lugjeto-se-voshituvaat-koga-kje-vidat-devojka-so-tradicionalen-tapan-na-svadbi-07.JPG

Каде обично настапуваш?

Имам свој женски бенд којшто го носи името „Ana&The Girls“ и постоиме веќе година и пол. Најчесто настапуваме во клубови и дискотеки.

Многу често ме бараат како изненадување на свадби.

tijana-od-kavadarci-tapanarka-lugjeto-se-voshituvaat-koga-kje-vidat-devojka-so-tradicionalen-tapan-na-svadbi-08.JPG

Редовно настапувам и сум дел од бендот Скопски боеми во музичката емисија „Мерак меана“ што се емитува на телевизијата Сител каде што свирам перкусии (тарабука, конги, бонгос и народен тапан).

Кога има побарувачка, свирам и на приватни забави коишто се во мој домен.

tijana-od-kavadarci-tapanarka-lugjeto-se-voshituvaat-koga-kje-vidat-devojka-so-tradicionalen-tapan-na-svadbi-10.JPG

Кои песни најчесто ги бара публиката? Кои песни сакаш ти да ги свириш најмногу?

Кога свирам со бендот, најчесто се бараат современите хитови од познатите македонски и странски музичари.

Кога сум на свадби најчесто се свират традиционални македонски песни.

Најмногу сакам да свирам македонска народна музика, од друга страна обожавам и забавни песни екс-ју, македонско ретро сите што се во забавен стил.

tijana-od-kavadarci-tapanarka-lugjeto-se-voshituvaat-koga-kje-vidat-devojka-so-tradicionalen-tapan-na-svadbi-15.JPG

Уште е реткост да се види жена која свири на ударни инструменти – какво е твоето искуство? Како реагираат другите кога ќе видат девојка со тапан? Дали се зголемува интересот кај девојките за овие инструменти?

Како женско кое свири на тапан, можам да кажам дека е едно преубаво искуство. Кога настапувам, најчесто се гледа зачуденост и восхитеност од страна на другите бидејќи е ретко да се види девојка која свири на тапан.

Секогаш кога ќе излезам на сцена, кај публиката гледам воодушевеност, радост, солзи радосници…

Откога почнав да свирам на ударни инструменти, можам да кажам дека е зголемен интересот кај девојките кои имаат талент.

tijana-od-kavadarci-tapanarka-lugjeto-se-voshituvaat-koga-kje-vidat-devojka-so-tradicionalen-tapan-na-svadbi-12.JPG

Неодамна настапуваше на концертот на Меморија во Скопје. Раскажи ни нешто повеќе за тоа искуство – како те избраа, какво беше чувството?

Концертот по повод 40 години група Меморија - едноставно, неописливо чувство е да се присуствува на таков прекрасен настан, ми беше чест и задоволство што бев поканета како гостин кој ќе го отвори концертот.

Темата беше женски гости кои ќе настапуваат на концертот. Големата сцена, публиката, луѓето кои беа присутни, познатите пејачи Андријана Јаневска, Сара Мејс, Ареа, Дани Димитровска останатите членови од групата Меморија…

tijana-od-kavadarci-tapanarka-lugjeto-se-voshituvaat-koga-kje-vidat-devojka-so-tradicionalen-tapan-na-svadbi-0.JPG

Поканата ја добив од страна на Ристо Самарџиев со којшто соработувам во емисијата „Мерак меана“, ми се јави и ме праша дали сакам да учествувам на дел од концертот на Меморија.

Не ни размислив, веднаш ја прифатив понудата. За мене беше голем предизвик за таков голем настан бидејќи ми беше првпат да се појавам пред огромна публика.

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

„Меморија“ пред скопскиот концерт: „Секој што бил дел од бендот во овие 40 години, оставил свое парч... „Само 10 дена по заминувањето на Вики, сопругата на Поце, Меморија не го откажа ...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Дарко Коцев (29) е гајдаџија во Германија: „Свирам на свадби и веселби, заработката е солидна“ „Ги свирам сите македонски народни инструменти, но сепак, во Македонија сум преп...
Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg