Тијана од Кавадарци, тапанарка: „Луѓето се восхитуваат кога ќе видат девојка со традиционален тапан на свадби“
Концертот го отворив со мојот драг колега Влатко Ѓоргиев, маестро на зурла. Настапивме со песната „Параходот“.
Чувството беше прекрасно, енергијата од публиката беше восхитувачка, имав трема пред да застанам на сцена, но кога веќе застанав и почнав да свирам, тремата исчезна. Концертот беше прекрасен, публиката пееше на цел глас.
На крајот имав уште еден настап со песната „Дирлада“ со оркестарот Блејзери и нашиот драг Ристо Самарџиев. Огромна чест имав што бев дел од нивниот концерт и им посакувам уште многу успешни концерти во иднина.
Јас си поминав прекрасно, душата ми беше исполнета со радост и емоции.
Имаш ли настапувано со други познати имиња? Со кого би сакала да настапуваш во иднина?
Каде што учествувам на музичката емисија „Мерак меана“, секој викенд таму доаѓа скоро цела македонска музичка естрада.
Најголема желба ми е да се запознаам со познатата Тијана Дапчевиќ бидејќи мајка ми е нејзин голем обожавател, затоа името го носам по неа, и би сакала да настапам со неа.
Каде обично вежбаш? Дали си имала поплаки од соседи (или семејството) за вревата?
Јас сум од Кавадарци таму живеам во зграда на 6-ти кат, но по потекло сум од селото Паликура каде што си имам свое музичко катче и каде што редовно вежбам.
Кога се случува да вежбам во Кавадарци, немам поплаки од страна на соседите - напротив, сите се радуваат бидејќи имам и соседи музичари.
Дали се заработува добро со оваа професија и какви ти се плановите за иднина?
Прилично добро се заработува со музика, но и се вложува голем труд.
Би сакала во иднина да сум уште поуспешна и да оставам добар белег во јавноста.
Колку тежи еден тапан и дали е предизвик долго да свириш поради тежината? Дали ти треба помош со разнесување и поставување на опремата пред настап со кој било ударен инструмент?
Како инструмент којшто го свири девојка, тапанот е прилично тежок, но тоа што јас го работам е нешто што го сакам и не ми претставува проблем.
Поради тежината на инструментот, голем предизвик е да се свири тапан.
Кога настапувам со традиционалниот тапан и кахонот, не ми е потребна помош за пренесување и поставување, додека кога настапувам со тапаните, тука се мојата фамилија и моите колеги и колешки коишто ми помагаат.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Софија Спирова | Црнобело