„Меморија“ пред скопскиот концерт: „Секој што бил дел од бендот во овие 40 години, оставил свое парче душа“

„Само 10 дена по заминувањето на Вики, сопругата на Поце, Меморија не го откажа закажаниот концерт, а Поце собра сили и храброст да дојде и на проба и пееше на тој концерт“, велат за CRNOBELO.com членовите на бендот, кои годинава слават 40 години постоење.

memorija-pred-skopskiot-koncert-sekoj-shto-bil-del-od-bendot-vo-ovie-40-godini-ostavil-svoe-parche-dusha-01.jpg

Еден од култните македонски бендови, „Меморија“, наголемо го подготвува својот славенички концерт, со кој ќе одбележи 40 години на музичката сцена.

Момците секојдневно одржуваат проби, го финализираат репертоарот и комуницираат со гостите-музичари кои ќе бидат дел од овој голем концерт, за кој велат дека ќе е мевлем за душата на сите генерации.

Во пресрет на јубилејот, разговаравме со Перо, Поце, Ристо, Давор, Сале и Рубин, или едноставно познати како „Меморија“.

Прочитајте го нивното интервју за CRNOBELO.com:

Овој викенд (16.11) ќе настапите пред македонската публика со голем славенички концерт... Која е тајната за вашето успешно 40-годишно постоење? Што ве држи заедно сите овие години?

Во суштина, тоа е љубовта. Онаа кон музиката пред сè, но и меѓусебното разбирање, респектот на едни кон други, почитување на различностите.

Низ бендот поминале плејада музичари и секој оставил свој траг, парче душа која се чувствува во песните.

Последнава постава, оваа сегашната, тој микс на емоции спакуван и преточен во музика најдобро го чувствува и пренесува на публиката... И онаа повозрасната и оваа - помладата.

memorija-pred-skopskiot-koncert-sekoj-shto-bil-del-od-bendot-vo-ovie-40-godini-ostavil-svoe-parche-dusha-04.jpg

Без оглед дали свирите пред 50 или 5.000 луѓе, вашата енергија е секогаш иста. Која е таа магија поради која успевате постојано да сте разиграни, позитивни, енергични на сцената, а вашите концерти денес да не се разликуваат од оние пред 10-15 години?

Па не е дека не се разликуваат. Сега и како луѓе и како музичари сме многу поискусни, со поголем багаж и минат труд и во животот и во музиката.

Носиме друга, поинаква енергија, но сè уште во нас гори истиот пламен, истиот оној „оган под ѕвездите“ кој сите овие години бендот успеа да го одржи да не се угасне.

Некогаш само тлее, но сега е период кога е најраспламтен и најсилно гори!   

Ќе има ли изненадувања на јубилејниот концерт, нешто со што ќе го збогатите роденденот на „Меморија“?

Ќе има, и тоа многу. Од специјални гостинки, кои ќе направат, како што ние ја нарековме ‘женска журка’ се Андријана Јаневска, Дани, Ружица и Ареа, Сара Мејс.

Тука се и дамите на сакс и тапан, кои и со своите изведби и со сопствената интеграција во песните на „Меморија“ ќе го увеличаат славеничкиот концертен спектакл.

Но имаме и машки гости, пред сè Филип Николоски, момчето со телесен инвалидитет кое ќе пее со нас, како и ултраспецијалниот гостин, големата музичка ѕвезда со интернационална кариера, кој ќе остане изненадување до крај, до самиот концерт.

Специјалните светлосни и видео ефекти и анимации за секоја песна се украс плус, шлаг и вишна на шлагот на славеничката рокенрол торта која ќе ја споделиме со публиката.   

memorija-pred-skopskiot-koncert-sekoj-shto-bil-del-od-bendot-vo-ovie-40-godini-ostavil-svoe-parche-dusha-02.jpg

„Меморија“ ви е љубов, но, што работи секој од вас кога немате обврски со бендот? Што ви е примарна професија? Ви доаѓало ли некогаш да ја оставите работата и целосно да ѝ се посветите на музиката?

Сите имаат своја примарна професија, која на овој или оној начин е повторно директно или индиректно поврзана со музиката.

Перо е сопственик на KLS Events, компанија за организација на настани и изнајмување сценска опрема, а Поце работи во продавница во која таква се продава.

Ристо е главен уредник на ТВ Сител, Давор свири во студио, помага на разни изведувачи, работи и продуцира фестивали и сопствена музика.

Сале свири со неколку репродуктивни бендови, но работи и како финансиски експерт, а Рубин, исто така, има свое студио и свири по настапи репродуктивна музика.

Така што, сè се врти околу музиката. Како тогаш да ја оставиш?

Покрај сите различни професии и обврски, кога наоѓате време за проби? Колку често се случува да откажете или да мора да смените тајминг зашто некој не може да стигне на проба? Или терате без него?

Пробите се светост. Нема откажување. Треба да се случи не знам што за да нема проба.

Не дај Боже некаква трагедија, како што беше смртта на сопругата на Поце или на сестрата на Перо.

Но само 10 дена потоа, на пример, по заминувањето на Вики (сопругата на Поце), „Меморија“ не го откажа закажаниот концерт во Штип, а Поце собра сили и храброст да дојде и на проба и да се појави и пее на тој концерт.

Ова веројатно ви кажува сè.

memorija-pred-skopskiot-koncert-sekoj-shto-bil-del-od-bendot-vo-ovie-40-godini-ostavil-svoe-parche-dusha-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg