Петар Андоновски: „Индија не е за туристи, туку за луѓе кои сакаат духовност и авантура - мајмуните и нередот се секојдневие“

Ришикеш го доживуваат како место каде се пеат на хинду молитви, каде сјајот на реката Ганг ги маѓепсува очите, а живописна заднина ги освежува сетилата. Низ какви авантури помина во Ришикеш познат и како Порта на Хималаите?

Ришикеш кој се наоѓа на почетокот на Хималаите (и оттука името Порта на Хималаите) уште го нарекуваат и „Јога маркет“. Целиот град е во храмови, ашрами, места на кои можете да земате часови по јога.

Од едниот до другиот крај на градот можете да стигнете или преку мост или со чамец преку Ганг. Додека ги шетав ашрамите сфатив дека голем дел од нив се направени за белите луѓе да можат да си „купуваат духовност“.

Во Ришикеш на една од агенциите видов еден храм од кој се гледа Монт Еверест, сакав патувањето да го продолжам во тој правец, но излезе дека е потребно многу време да се стигне до таму. Како утеха ми понудија неколку села, езера и водопади.

Патувањето по Хималаите не само што беше мевлем за очите, туку и за белите дробови, после Делхи и Џајпур кои се ужасно загадени градови.

Последниот ден во Ришикеш го имав најголемиот културолошки шок. Додека шетавме покрај Ганг не сакајќи присуствуваме на ритуал на погреб.

Откако го положија мртовецот го запалија. Никој од присутните од семејството не плачеше, сите стоеја и гледа во телото кое гори. Кога телото целосно изгоре пепелта ја собраа и ја фрлија во Ганг.

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 16

Како изгледаше ритуалот на дарување на Ганг во Харидвар?

Во Харидвар отидов само едно попладне за да го видам ритуалот со дарувањето на Ганг. Кога пристигнав веќе луѓето беа испоседнати, немаше никаде место.

Еден браман кога нè виде нè смести во првиот ред покрај Ганг на еден тепих. Првин се пееја баџани или свети песни.

На сите ни дадоа по една корпа со цвеќиња и свеќичка внатре, која требаше да ја пуштиме по Ганг како дар за реката. Илјадници корпи пловеа по Ганг.

Она што најмногу ме изненади е дека тоа секој ден ритуалот се прави и сите тие луѓе секој ден доаѓаат.

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 19

На што те научи во Индија?

Индија ме научи да бидам многу потолерантен од тоа што бев, да не избувнувам за сè и сешто. И дека сето тоа што треба да се случи ќе се случи.

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 1

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 3

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 5

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 6

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 7

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 8

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 9

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 17

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 21

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 22

petar andonovski pisatel indija me nauci da bidem mnogu potoleranten od toa sto bev i indija ne e za turisti tuku za patnici za avanturisti i lugje koi sakaat duhovnost 20

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg