Мане и Ана од Велес, пар кој кампува низ Македонија: „Најнеобично ноќевање ни беше на Галичица, нашето куче нѐ предупредува кога има опасност“

„Со Арон сме посигурни во моменти кога сме сами во некоја шума, го регистрира секое движење и звук околу нас и веднаш реагира за да нѐ предупреди, но некогаш е напорно, посебно во лоши временски услови кога ќе влезе во кал или кога сакаме да бидеме брзи...“ – пар од Велес за CRNOBELO.com го споделува искуството со патување низ Македонија со куче и преноќување во природа, под отворено небо и ѕвезди. 

mane i ana par od veles koi postojano ja istrazuvaat makedonija dlabok dol na kozuf e mesto sto ne e tolku poznato na javnosta a patuvanje so kuce sekogas e zabavno 12

Мане и Ане од Велес, на социјалните мрежи познати и како @adventure.mk, со нивното куче Арон постојано патуваат и ја истражуваат Македонија, најчесто преноќувајќи во природа, во своето возило или шатор.

Од авантура во авантура нивниот живот постојано е исполнет со адреналин, интересни случки и места од кои ја отсликуваат совршеноста на природата.

Поразговаравме со нив, а тие откриваат интересни искуства од нивните патувања за CRNOBELO.com...

Последниве неколку недели скоро секој викенд сте на различна точка во Македонија. Што сè успеавте да посетите?

Да, веќе цели два месеци нема поминато викенд, а да не сме заминати. Посетивме многу убави места и сведоци сме на четири различни сезони во овој период, од снег и виулици до сонце и кратки ракави, па нашите авантури се непредвидливи до крај.

Ова се некои од локациите: Крушево, Национален парк Пелистер, прилепско и битолско Мариово, Скопска Црна Гора, Осогово, Берово, Беласица, околината на Охрид со Галичица, неколку села од реканскиот регион итн.

mane i ana par od veles koi postojano ja istrazuvaat makedonija dlabok dol na kozuf e mesto sto ne e tolku poznato na javnosta a patuvanje so kuce sekogas e zabavno 9

Кои 3 песни постојано ги прислушувате додека патувате?

Најчесто слушаме радио, без разлика дали во кола или преку звучник, телефон. Нема некоја посебна плејлиста која ни е на repeat.

Во природа спиењето секогаш е поубаво, кој најчесто се буди прв?

Арон, нашето куче. Кога кампуваме секогаш си дозволуваме да се одмориме максимално, па тој е прв кој сака да стане наутро и да истражува во околина.

mane i ana par od veles koi postojano ja istrazuvaat makedonija dlabok dol na kozuf e mesto sto ne e tolku poznato na javnosta a patuvanje so kuce sekogas e zabavno 1

Што преферирате повеќе, да се движите брзо и да посетите сè, или да се препуштите на моментот без никакво форсирање?

Иако не сме во некоја трка да посетиме сè што има во околина, динамични сме и не можеме на едно место да поминеме повеќе од ден-два.

Затоа, прошетките ни се забавни и доста често наидуваме на некое ново и интересно место со ваквиот начин на патување.

Кога се наоѓате на некое место без сигнал, а по некоја случајност на околности не можете да слушате ни музика, што правите за да ви биде забавно?

Си разговараме. Се случува често и тоа ни е време за нас двајца. Исто така, знаеме да излеземе да пешачиме во околина, да играме некоја забавна игра или да се запознаеме со нови пријатели и времето да го поминеме со нив.

mane i ana par od veles koi postojano ja istrazuvaat makedonija dlabok dol na kozuf e mesto sto ne e tolku poznato na javnosta a patuvanje so kuce sekogas e zabavno 3

На секое патување постојано сте заедно, но има ли моменти кога сакате да се осамите во некој дел од денот и што е она што секој посебно го прави?

Да, тоа се попладневните часови. Јас (Ана) сакам да си завршам некоја обврска што ми останала и да направам план за наредната работна недела, а Мане најчесто чита на интернет или гледа видеа на Јутјуб поврзани со неговата работа.

Арон е вашиот верен придружник, како е да се патува со куче?

Дефинитивно убаво, затоа што нè расположува, знае да нè насмее и многу важно е што прави да се чувствуваме посигурни во моменти кога сме сами во некоја шума.

Го регистрира секое движење и секој звук околу нас и веднаш реагира, а со тоа нè предупредува и нас.

Често знае да биде и напорно, особено при лоши временски услови, затоа што влегува во кал, па имаш обврска да го чистиш или на места на кои сакаме да бидеме брзи и да направиме нешто, мораме да мислиме прво за него, па потоа за нас.

mane i ana par od veles koi postojano ja istrazuvaat makedonija dlabok dol na kozuf e mesto sto ne e tolku poznato na javnosta a patuvanje so kuce sekogas e zabavno 2

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg