Мане и Ана од Велес, пар кој кампува низ Македонија: „Најнеобично ноќевање ни беше на Галичица, нашето куче нѐ предупредува кога има опасност“

На кое необично место во Македонија имате преноќувано?

На Галичица, горе високо, со поглед на облаците под нас и цело Охридско Езеро на дланка. На брегот од Езеро Мантово, од ненаселената страна.

На кое место во нашата земја ја имате јадено највкусната храна?

На две места. Првото е Хотел Туто во Јанче. Планински хотел, рустичен, кој нуди превкусна домашна храна. Второто е Вила Љуботен, поставена на висока надморска височина, каде се готви со љубов, а намирниците секогаш се сезонски, свежи и вкусни!

mane i ana par od veles koi postojano ja istrazuvaat makedonija dlabok dol na kozuf e mesto sto ne e tolku poznato na javnosta a patuvanje so kuce sekogas e zabavno 8

За многу места во Македонија кружат интересни приказни, кои ви се омилените што ве натерале да отпатувате токму таму?

Локалитетот Камени Кукли и градот Кратово. Камените Кукли се вулкански карпи со многу интересна легенда зад нив, дека некој селанец закажал свадба со две девојки во ист ден, а кога се сретнале, една од девојките кажала клетва – сите да се скаменат, па дури и они.

Така, позицијата и формата на карпите делува како двајца младоженци, со кумови и останати гости кои биле дојдени на свадбата.

Изненадени бевме и од историјата на Кратово, подземните тунели кои некогаш ги поврзувале кулите, како и приказната за Царот Константин, Царицата Елена и нивната ќерка.

Вреди да се посети! Денес има многу остатоци од тој период кои може да се видат.

mane i ana par od veles koi postojano ja istrazuvaat makedonija dlabok dol na kozuf e mesto sto ne e tolku poznato na javnosta a patuvanje so kuce sekogas e zabavno 5

Кое место кај нас го имате посетено, а сè уште не е познато за пошироката јавност?

Длабок Дол на Кожуф. Тоа е природен базен кој се наоѓа на подножјето и се формира по течението на мала рекичка. Над него има карпести каскади и уште неколку помали базени.

Местото се наоѓа на 5 минути пешачење од главниот пат кој води од Гевгелија кон Смрдлива Вода. За локалното населените таму е познат, но останатите не знаат дека постои.

Пред повеќе од една година го објавивме на нашиот Инстаграм профил и напишавме насоки како се стигнува. Ова беше локација која најмногу луѓе ја открија преку нас.

Од вашиот профил може да видиме дека секое патување е проследено со интересни моменти, но се имате ли најдено во некоја непријатна ситуации што под никакви околности не сакате да се повтори?

Да. Имавме страшна сообраќајна незгода која никогаш и на никого не сакаме да му се случи и тоа е единственото нешто на кое не би се вратиле назад под никакви околности.

Друго интересно и истовремено неубаво е тоа што тргнавме на одмор со мотор, а куферот со облека го пративме во кола кај наши пријатели кои заминаа еден ден порано.

Они стигнаа на местото, а ние имавме дефект и моравме да се вратиме со шлеп служба. Останавме 5 дена без облека.

mane i ana par od veles koi postojano ja istrazuvaat makedonija dlabok dol na kozuf e mesto sto ne e tolku poznato na javnosta a patuvanje so kuce sekogas e zabavno 10

Планина или море?

Ова е најтешко прашање од сите! Мислам дека планина ќе биде конечен одговор, иако не би одбиле да одиме на море никогаш.

Според вас кои карактеристики треба да ги посетува секој партнер/ка за патување?

Важно е да биде организиран/а, рационален/на, да не паничи и да прави компромис.

mane i ana par od veles koi postojano ja istrazuvaat makedonija dlabok dol na kozuf e mesto sto ne e tolku poznato na javnosta a patuvanje so kuce sekogas e zabavno 4

Ми изгледа дека во следниот период ќе надоместите за сè она што го имате пропуштено. Со ова прашање може да го затвориме разговорот. Каде ќе патувате оваа лето?

Сè уште не сме сигурни, но размислуваме за далечна дестинација. Ќе видиме на каква авантура ќе налетаме до тогаш.

mane i ana par od veles koi postojano ja istrazuvaat makedonija dlabok dol na kozuf e mesto sto ne e tolku poznato na javnosta a patuvanje so kuce sekogas e zabavno 6

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg