Емилија за животот во Дубаи: „Тие се светлосни години пред нас, но пензија би сакала да дочекам во Охрид“

„Дубаи го препорачувам како дестинација за одмор во есен и пролет, на лето температурите достигнуваат и до 50 Целзиусови степени, а тоа и зачинетата храна се работите кои најмалку ми се допаѓаат тука, инаку раскошот е насекаде, тука е сè како модна писта – трговските центри, плажите, рестораните, хотелите… Шеиците не се дел од секојдневниот живот, меѓутоа често можат да се забележат на јавни настани.“, раскажува Емилија Коцареска Дуданова (33) од Охрид за CRNOBELO.com.

emilija-za-zhivotot-vo-dubai-tie-se-svetlosni-godini-pred-nas-no-penzija-bi-sakala-da-dochekam-vo-ohrid-01.jpg

Емилија Коцареска Дуданова (33) од Охрид веќе 5 години живее во Дубаи, каде работи како Sales, Marketing & Visitor Experience Manager.

Вели дека го обожава животот таму, но сепак најмногу на срце ѝ лежи нејзиниот роден Охрид и дека токму таму и си посакува да дочека пензија.

За животот во Дубаи Емилија открива за CRNOBELO.com:

Колку години живееш во Дубаи и зошто токму Дубаи го избра како место за живот?

Во Дубаи живеам веќе 5 години и го избравме како дестинација поради можноста градење на кариера.

emilija-za-zhivotot-vo-dubai-tie-se-svetlosni-godini-pred-nas-no-penzija-bi-sakala-da-dochekam-vo-ohrid-07.jpg

Ти пречи ли на моменти туристичкиот хаос? Кога има најмногу посетители и кои проблеми настануваат во секојдневното функционирање?

Дубаи е добро организиран како туристичка дестинација, не се соочуваме со туристички хаос со исклучок за Нова година.

emilija-za-zhivotot-vo-dubai-tie-se-svetlosni-godini-pred-nas-no-penzija-bi-sakala-da-dochekam-vo-ohrid-12.jpg

Го препорачуваш ли Дубаи како место за летен одмор?

Го препорачувам како дестинација за одмор во есен и пролет, на лето температурите достигнуваат и до 50 степени.

emilija-za-zhivotot-vo-dubai-tie-se-svetlosni-godini-pred-nas-no-penzija-bi-sakala-da-dochekam-vo-ohrid-15.jpg

Одиш ли често на плажа? Колку цените на плажа се високи за тебе како за локалец, односно општо за локалното население таму?

За плажа е прекрасно од октомври до мај. Има голем број на јавни бесплатни плажи, а доколку сакате да поминете ден во некој од ресортите или хотелите минимум ви се потребни 50 евра.

emilija-za-zhivotot-vo-dubai-tie-se-svetlosni-godini-pred-nas-no-penzija-bi-sakala-da-dochekam-vo-ohrid-13.jpg

Што ти се допаѓа најмногу таму?

Плажите, шопингот и безбедноста.

emilija-za-zhivotot-vo-dubai-tie-se-svetlosni-godini-pred-nas-no-penzija-bi-sakala-da-dochekam-vo-ohrid-21.jpg

Што те нервира најмногу?

Зачинетата храна и 50 Целзиусови степени на лето.

emilija-za-zhivotot-vo-dubai-tie-se-svetlosni-godini-pred-nas-no-penzija-bi-sakala-da-dochekam-vo-ohrid-16.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg