Емилија за животот во Дубаи: „Тие се светлосни години пред нас, но пензија би сакала да дочекам во Охрид“
Какви се локалците во поглед на врските и пријателствата, а какви во поглед на кариерата?
Лично имам многу пријатели локалци, кои се отворени за пријателства и се одлични пријатели.
Во однос на врските тие се лимитирани да бидат само со локалци, но и тоа се менува. Во поглед на кариера тие имаат многу привилегии, но секогаш се придружувани и работат заедно со нас.
Од каде се твоите пријатели со кои се запозна во Дубаи?
Од Чешка, Либан, Филипини, Индија, Египет…
Зошто Дубаи е светлосни години пред многу други земји во светот?
Затоа што навистина многу се инвестира во инфраструктура и во технологија.
Би сакала ли да си дочекаш пензија таму?
Во Дубаи нема пензија за резиденти, има само за локалното население. Постојат индивидуални пензиски фондови и би сакала тие денови да ги поминам во Охрид.
Повеќе фотографии од Емилија oд Дубаи:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело