Семејство со двете деца и кучето ја истражува Македонија: „Омилени ни се Лешница и Солунска Глава со Бабунски извори“

„Би рекла дека секоја планинарска патека е погодна за деца, со тоа што целта не мора да е секогаш врвот. И нешто што е многу важно, е тоа дека децата имаат многу енергија, повеќе од нас, само треба малку да им направиме да им е интересно за време на пешачењето, бидејќи знаат да изгубат интерес и да им стане здодевно, па тогаш велат дека се уморни“, вели Ирена за CRNOBELO.com, која заедно со сопругот Бојан нивните две деца Ева (12) и Андреја (9) и нивното куче Марфи, секој слободен миг го користи за истражување на македонските планини. „Турни ме да кинисам“ е нивното мото...

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-01.jpg

Ова семејство од Скопје е вистинска инспирација. Вљубеници се во планинарењето и својата љубов кон природата ќе ви ја пренесат за миг.

Нивните авантури ги споделуваат на блогот и Инстаграм профилот „Турни ме да кинисам“. Главните „виновници“ во приказната се Ирена, Бојан нивните две деца Ева (12) и Андреја (9) и нивното куче биглче Марфи.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-10.jpeg

Тие се петчлено семејство, каде главни ликови, се разбира, се децата.

Ирена и Бојан планинареле уште пред да се запознаат и да станат семејство. Нивните деца Ева и Андреја се израснати на планина. Нивната баба е доајен во планинарството, значи крвта не е вода.

Ева и Андреја се двајца основци, кои освен што одат на училиште и имаат секојдневни обврски, одат и на дополнителни спортски активности, а викендите се активни планинари и велосипедисти.

За нивното секојдневие и планинарски навики поразговаравме со Ирена:

Зошто токму „Турни ме да кинисам“ како назив на Инстаграм профилот? Која му е намената?

После два-три дена „мозгање“, името дојде спонтанo. Сите четворица мислевме, запишувавме, имавме некои странски имиња и варијанти, но звучеа како клише, сакавме да е автентично и интересно, наше… И така дојдовме до „Турни ме да кинисам“.

Мислам дека е полн погодок, затоа што соодветсвува со она што сакаме да го постигнеме - да ги „турнеме“ и мотивираме и другите фамилии, посебно со деца, и сите оние на кои им треба малку мотив за повеќе време во природа.

Прво го направивме нашиот блог www.turnimedakinisam.mk каде што ги објавуваме сите тури во детали.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-02.jpg

Профилите на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук ги отворивме веднаш потоа за полесно да го испромовираме блогот, со цел исполнување на нашата мисија. Инстаграм е мрежа каде што токму преку моќта на фотографиите и видеата може подобро да го доловиме тоа што сакаме да го пренесеме со блогот и која е нашата цел.

Доколку некому му се допадне турата на Инстаграм или сака да прочита повеќе за нас и преку профилот може да пристапи директно на блогот каде ќе најде детални карактеристики, како и целото наше доживување на некоја од планините.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-09.jpeg

На кој од семејството му е потребно најсилно туркање за да киниса, а кој секогаш е иницијатор?

Најголем иницијатор е нашето куче Марфи, него не му е потребно туркање. Секако, ние возрасните сме иницијатори, а секој од нас понекогаш има ден кога е демотивиран ама нема опција за останување дома.

Знаеме понекогаш да ги оставиме децата да си имаат слободни активности, па тогаш со Бојан истражуваме некоја велосипедска тура или одиме на тура која не е погодна за со деца.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-08.jpeg

Која ви е омилената тура досега?

Ова е тешко прашање! Омилени ни се можеби оние кои сме ги оделе повеќепати, а тоа се Лешница на Шара и Солунска Глава на Јакупица со посета на Бабунски извори.

Неверојатна природа е тоа, што ќе си речеш „Зар е можно да живеам тука, а да не сум ги видел овие убавини?“

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-03.jpg

Топла препорака за сите кои не биле. На Лешница има опција да се стигне преку село Бозовце, каде патеката не е многу напорна, ниту пак долга, а на Солунска Глава препорачувам преку планинарскиот дом Чеплес, каде може и да се преспие. Доколку врвот е напорен, може да се оди само до Долна или Горна Бабина Дупка, каде секако ќе уживате и ќе се восхитувате на природата.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-18.jpeg

Тури кои ги препорачувате за со деца?

Секогаш им велам на сите кои сакаат да почнат да планинарат со деца, а не биле на Водно, да почнат токму таму. На Водно има многу патеки погодни за со деца од најмала возраст, кои во детали ни се разработени на блогот.

Водно е најблиску, изобилува со сончеви патеки, со убав поглед кон Скопје и е супер „отскочна даска“ за следните малку понапорни тури.

Скопска Црна Гора би била мојата следна препорака. Патеката од село Бродец до Спирова Колиба е супер за деца, од таму може да се продолжи до врвовите Црн Камен, Пржар, Рамно...

Исто и од село Раштак има живописна патека која води до врвовите Здравец, Свински Камен, Бел Камен.

Би рекла дека секоја патека е погодна за деца, со тоа што целта не мора да е секогаш врвот. И нешто што е многу важно, е тоа дека децата имаат многу енергија, повеќе од нас, само треба малку да им направиме да им е интересно за време на пешачењето, бидејќи знаат да изгубат интерес и да им стане здодевно, па тогаш велат дека се уморни.

Убаво е да имаат друштво, на почеток барем, тогаш ќе трчаат нагоре. Или супер идеја би било да им дадете некоја одговорност додека планинарите: да бараат маркации или да собираат отпадоци и на тој начин ќе ги научите на многу важна лекција: да се грижат за чистата животна средина.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Аница Бебиќ: „Работев како туристички аниматор во Хрватска - возрасните најмногу сакаа аква фитнес, ... „Аниматорите имаат програма како за деца, така и за возрасни по која се водат. Н...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...
Тиана од Скопје за кампувањето во Струга: „Нема гужва, а будењето со птици во природа е уникатно иск... „Струга ја сакам бидејќи е многу помирна од Охрид, особено во летниот период ког...
Андреа Јосифова за зимскиот одмор на Тенерифе: „Беше 25°C, идеално е за со деца“ „Доколку барате топла дестинација во зима која е лесна за организирање и не толк...
Кристијан Шемко: „Се вратив во Македонија да одморам од напорната работа како ѕидар во Сиднеј, но па... „Во текот низ годините, поради носталгија и емоции за родниот крај, моите родите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg